Пропаѓањето, поточно овенувањето на растенијата во раниот развој на производството на расад, или веднаш после садењето во полето може да биде предизвикано од разни гливици, а нанајзначајни се оние од типот на Pythium i Phytophthora.
Pythium типот на гливица најчесто се јавуваат при производството на расад. Малите растенија ги напаѓа на местото каде што излегуваат од земјата. На тој дел ткивото станува воденкасто, а растението се прекршува. Во рок од 24 часа може да „падне“ целиот расад.

Phytophthora типот на гливица (P. nicotianae, P. capsici и сл.) го напаѓаат коренот кој ја менува бојата во кафеава.Инфекцијата и понатаму се шири систематски прку спроводните снопови и сржта кон надземниот дел од растението.

Ако го нападнат корновиот врат прво ќе се појави темнозелена некроза која има облик на прстен , а стебленцето на тоа место е стеснато. Растенијата кои се нападнати, покажуваат знаци на венеење , а над заразената зона се обидуваат да формираат нов корен. Доколку не успеат, растенијата ќе се уништат.Овиее паразити можат долго да се задржат во почвата. Во периодот на повисоки температури, после обилните дождови и наводнувањето може брзо да се прошират.

Мерки за заштита
Производството на расад треба да се прави во стерилен супстрат. Ако болеста била присутна потребно е да се направи ротација на земјоделските култури. Ако се сади зеленчук тогаш се препорачува тоа да се прави на мали гредички.Од хемиските мерки одлично дејство наPhytopthora i Pythium типовите има Fonganil Gold ( кој е дозволен кај пиперката, салатата лубеницата, дињата, брокулата тиквичките) и се применува пред или после пресадувањето.
Извор:Агропортал
