Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во ЕУ расте онлајн купувањето – на трето место е достава на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Во ЕУ расте онлајн купувањето – на трето место е достава на храна
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОПазари

Во ЕУ расте онлајн купувањето – на трето место е достава на храна

Објавено 25/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Помина нешто повеќе од една година откако со светот завладеа пандемијата Ковид – 19 и со себе донесе голем број на рестрикции. На сите нас најтешко ни падна целосното затворање, или популрно наречениот lockdown кој не натера да седиме дома и да го купуваме само најосновното. Многумина од оние кои беа заразени со вирусот SARS-CoV-2 немаа друг избор па храната и другите потребни работи беа принудени да ги нарачуваа онлајн , независно дали директно од трговските центри или од самите производители на храна.

Интернет купувањето и продажбата особено стана популарно во земјите на Европската унија.

Податоците на Еуростат покажуваат дека, во првото тромесечје од 2020 година, 89% од луѓето на возраст од 16 до 74 години користеле интернет, а од нив 72% купиле или нарачале стока или услуги за приватна употреба. Во 2020 година,интернет купувањето порасна за 4% во споредба со годината пред тоа кога 68% од корисниците на интернет купувале онлајн, а во однос на 2015 година за дури 10%.

Најмногу на овој начин купувале во Холандија (91%), Данска (90%), Германија (87%), Шведска (86%) и Ирска (81%).

Во текот на последните пет години најголем пораст на интернет купувањето е забележан во Романија (27 %), Чешка и Хрватска (25%), како и Унгарија (23 %).

Најчесто преку интернет се купувало облека, обувки и додатоци (64%). После тоа следува седмата уметност – филмови и серии, однсоно услуги на стриминг и превземање, со 32%. На трето место со 29% е одставата од ресторани, синџирите за брза храна и други угостителски услуги.

Значи, овие бројки прикажуваат тренд во купувањето кој ќе расте и понатам, а исто така може да биде вредна информација за примарните производители на храна кои би требало да ги разгледаат можностите за пласирање на своите производи и на овој начин.

Само во Хрватска во изминатата година започнале со работа низа интернет концепти преку кои можат да се нарачаат производи. На своите страници трговците нудат мени на кое се наоѓаат како традицонални, така и вообичаени јадења како што се тавче-гравче со колбас или лазањи, пилешка чорба и сл. Намирниците ги набавуваат од локалните стопанства и мали домашни производители.

Вакви концепти сигурно ќе има се повеќе па земјоделците освен во нивата или во градината ќе треба и да влезат во светот на интернетот и своите производи да ги понудат на локалните угостители или да направат сопствена платформа за продажба.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
Таг:доставаеуинтернетонлајнхрана
Претходен напис Србија лани од извоз на сончоглед има 56,8 милиони евра, веќе се преговара цена на „зелено“ од новата реколта
Следен напис Силажата од компири е добра храна за говедата – Совети за нејзина подготовка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?