Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата го утврди предлог-законот за парична помош на ранливите категории, се очекува исплатата да почне уште од месецов
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Владата го утврди предлог-законот за парична помош на ранливите категории, се очекува исплатата да почне уште од месецов
Агровест

Владата го утврди предлог-законот за парична помош на ранливите категории, се очекува исплатата да почне уште од месецов

Објавено 09/12/2023
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од Владата информираат дека законското решение, кое е на предлог на Министерството за труд и социјална политика, сега ќе биде испратено во парламентот каде што се очекува да се усвои по скратена постапка, а исплатата на средствата да започне уште од овој месец

На денешната владина седница е утврден предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани, кој има за цел да помогне во справувањето со ефектите од енергетската и ценовната криза.

Од Владата информираат дека законското решение, кое е на предлог на Министерството за труд и социјална политика, сега ќе биде испратено во парламентот каде што се очекува да се усвои по скратена постапка, а исплатата на средствата да започне уште од овој месец.

За кои категории на граѓани е предвидена финансиска помош

Во социјално ранливите категории граѓани, на кои, според предлог-законот им следува парична помош спаѓаат:

  • корисници на посебен додаток;
  • корисници на правото на надоместок заради попреченост;
  • самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош;
  • корисници на право на пензија во висина до 19 000 денари;
  • ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари и
  • студенти кои живеат надвор од местото на студирање.

Според предлог-законот, во наредните пет месеци, почнувајќи од декември 2023 година, финансиска помош од 2 000 денари месечно ќе добиваат корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

Финансиската поддршка за корисниците на право на пензија во висина до 19 000 денари, за период од пет месеци, е предвидено да започне, исто така, од овој месец и да изнесува:

  • 3 000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14 000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка;
  • 2 000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14 001 денари до 16 000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата  на финансиската поддршка и
  • 1 500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16 001 денари до 19 000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка.

Учениците од основното, односно средното образование чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари, ќе добиваат по 1 200 односно 1 800 денари месечно во период од шест месеци почнувајќи од декември 2023 година.

За студентите кои живеат надвор од местото на студирање е предвидена парична помош во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирање, во износ не помал од 600 и не поголем од 1 200 денари месечно, во период од седум месеци, почнувајќи од декември.

Исплатата на паричната помош за првите четири категории на граѓани е предвидено да се врши без поднесување на барање од страна на корисниците, односно ќе се врши врз основа на податоците од центрите за социјална работа и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

„Датумот на исплата на финансиската поддршка е предвидено да се објави на веб-страницата на Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Министерството за образование и наука, најдоцна до 5. во месецот за тековниот месец“,информираат од Владата.

Учениците од основното и средното образование кои ги исполнуваат условите за парична помош ќе треба да се пријават на повикот кој ќе биде објавен од Министерството за образование и наука (МОН).

„Пријавата се поднесува во училиштето во кое ученикот е запишан. За учениците кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање финансиска поддршка на претходните повици, предвидено е Министерството за образование и наука секој месец да објавува повик, најдоцна до петтиот ден во месецот, а којшто повик трае седум дена од денот на објавувањето“,се додава во владиното соопштение,

На повикот кој на својата веб-страница ќе го објави МОН, во времетраење од седум дена од денот на отворањето, ќе треба да се пријават и студентите кои ги исполнуваат условите за финансиска помош. Треба да се пријават на апликацијата e-uslugi.mon.gov.mk и да ги внесат и приложат податоците што се посочени како потребни.

По проверка на податоците, МОН во рок од пет работни дена од денот на пријавувањето на судентот ќе утврди дали барањето за финансиска помош е прифатено или одбиено.

„За студентите кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање на финансиската поддршка на претходните повици, предвидено е МОН да објавува повик секој месец, во времетраење од седум дена од денот на објавувањето, а најдоцна до 5. ден во месецот. Во предлог-законот е предвидена обврска на државните универзитети, секој месец, најдоцна до 10. во месецот, до МОН да доставуваат список на редовни студенти за претходниот месец, со цел проверка на податоците“,информираат од Владата.

Може да ви се допадне

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Самит Македонија2026: Помошта од дијаспората не е само со пари
УЈП: Над 860 илјади граѓани добија однапред пополнети годишни даночни пријави за 2025 година
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:владаграѓанимесецпариранливи
Претходен напис Јаболков оцет – како се прави и како се користи?
Следен напис Променливо облачно со слаб јужен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?