Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Витаминка“ дел од саемот за храна и пијалаци Ануга во Келн, Германија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > „Витаминка“ дел од саемот за храна и пијалаци Ануга во Келн, Германија
Саеми и манифестации

„Витаминка“ дел од саемот за храна и пијалаци Ануга во Келн, Германија

Објавено 12/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Витаминка повторно е дел од најголемото саемско случување, Ануга 2021, што се одржува во Келн, Германија. Компанијата изложи голем дел од својот асортиман, во групата кондиторски производи, посебно производите што се наменети за странските пазари.

Ануга е водечки светски саем за индустријата за храна и пијалаци, со уникатен концепт што за учесниците овозможува максимално деловно влијание. Претставува платформа за привлекување на сите релевантни страни од трговијата, производството и угостителството.

„Во овие неколку дена додека се одржува, Ануга претставува центар за производителите, трговците и угостителите. Никаде на друго место не се среќава глобалната прехранбена индустрија во овој обем и е најважното место коешто нуди најдобри можности за поврзување низ целиот свет. Со присуството на врвни одлучувачи, Ануга е тренд барометар за глобалната прехранбена индустрија и затоа да се биде дел од ова случување значи многу, затоа што врз искуствата, знаењата и контактите стекнати тука, се гради целата развојна стратегија на компанија, а уште повеќе е значајно за нас по минатогодишното отсуство”, вели Љупчо Велески, директор на Извоз во Витаминка.

Освен кондиторскиот сектор, Ануга претставува саем на 10 различни концепти на храна, вклучувајќи леб и печива, разладена и свежа храна, кулинарски концепти, млечни производи, пијалаци, замрзната храна, топли пијалаци, месо и органски производи.
Се одржува на површина од 284 000 м2, со приближно 8000 изложувачи од стотина земји од целиот свет. Саемската манифестација ја посетуваат во процес по 170 000 посетители од над 200 земји.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Македонските компании преку поддршката обезбедена од МЗШВ, настапуваат на меѓународниот саем Ануга
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Таг:Анугавитаминка
Претходен напис Времето денеска променливо облачно, попладне намалување на врнежите
Следен напис Развојна банка нуди кредити со гарантна шема за микро, мали и средни трговски друштва кои немаат доволно обезбедување при аплицирање кај деловните банки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?