Од Гарантниот фонд ставени се на располагање 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците, со цел поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни фирми.
Развојна банка на Северна Македонија до денес има издадено портфолио гаранции кон Стопанска банка АД Битола, УНИ банка АД Скопје, Централка Кооперативна банка АД Скопје, Капитал банка АД Скопје, Халкбанк АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје. Листата на банки и штедилници кои се дел од гарантната шема, се очекува да се шири и понатаму.
Кредитно-гарантната шема е дел од економските сетови на мерки донесени од Владата на Република Северна Македонија заради справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата, и е дел од Планот за забрзан раст и развој на Владата. Со дополнување на Законот за Развојна банка на Северна Македонија, во рамките на истата, се формираше Гарантен фонд како посебна организациона единица. За Гарантниот фонд иницијално се одвоени средства во износ од 10 милиони евра со кои може да се гарантираат кредити во вкупен износ до 100 милиони евра.
Преку Гарантниот фонд се реализираат два производи :
- портфолио гаранции кон банки и штедилници, за поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни трговци и
- индивидуални гаранции за големи трговци кои вршат извоз, за кои големите компании може да се обратат директно до Развојна банка на Северна Македонија.
Услови кои треба да ги исполни компанијата корисник на кредит
обезбеден со портфолио гаранција
– да е микро, мал и среден трговец,
– да е со седиште во Република Северна Македонија,
– да е најмалку 51% во приватна сопственост,
– да е класифициран во категорија А на ризичност или да немаат обврски кон
банките согласно податоците од кредитниот регистар на Народната банка на
Република Северна Македонија и
– да не е со основна дејност во тековната состојба лизинг, финансиски услуги,
игри на среќа и производство на тутун, дрога и други опојни средства, произ-
водство и дистрибуција на оружје или воена опрема и трговија со недвиж-
ности.
– минималниот износ на кредитот по кој се гарантира да е 300.000 денари,
додека максималниот износ на кредитот по кој се гарантира не може да
надмине износ од 30.750.000 денари,
– минималниот рок на отплата на кредитот треба да е 1 година, максималниот
рок на отплата треба да е 8 години за кредит за основни средства со можност
за вклучен грејс период до 1 година и 3 години за кредит за обртни средства
со можност за вклучен грејс период до 1 година,
Услови кои треба да ги исполни големиот трговец кој врши извоз за издавање на индивидуални
гаранции од Гарантен фонд
Корисници на индивидуални гаранции можат да бидат Големи трговци кои вршат извоз (трговски друштва во кои приходите по основ на извоз имаат учество од најмалку 30% во вкупните остварени приходи во фискалната година која и претходи на годината во која е одобрена гаранцијата) и кои ги исполнуваат следните услови:
– да е класифициран во категорија А на ризичност или да нема обврски кон
банките, согласно податоците од кредитниот регистар на Народната банка
на Република Северна Македонија,
– да има одобрен кредитен лимит за осигурување за странскиот купувач и
склучена полиса за осигурување од комерцијални ризици кај РБСМ,
– показателот за степенот на финансиска задолженост да е помал од 3
(сооднос меѓу вкупните обврски по заеми и кредити и главнината резервите).
Показателот се пресметува на база на податоци од биланс на состојба од
последната фискална година,
– показателот за степен на задолженост да е помал од 6 (сооднос меѓу вкупни-
те обврски и главнината и резервите). Показателот се пресметува на база на
податоци од биланс на состојба од последната фискална година,
– показателот за тековна ликвидност да е најмалку 0,7 (сооднос меѓу тековните
средства и краткорочни обврски). Показателот се пресметува на база на
податоци од биланс на состојба од последната фискална година,
– показателот за брза ликвидност да е најмалку 0,35 (сооднос меѓу тековните
средства намалени за залихите и краткорочните обврски). Показателот се
пресметува на база на податоци од биланс на состојба од последната
фискална година,
– да има главнина и резерви наведени во билансот на состојба во финансиски-
те извештаи за последната фискална година во висина не помала од 33% од
износот на бараниот кредит,
– во последната фискална година да има остварено позитивен финансиски
резултат во билансот на успех и
– да нема неплатени обврски кон државата (даноци и придонеси), согласно
уверение за платени даноци и придонеси издадено од Управата за јавни
приходи, не постаро од три месеци од денот на поднесување на барањето за
издавање на гаранција.
- минималниот износ на одобрениот кредит да не е под 3.075.000 денари, а
максималниот износ на одобрениот кредит да не е над 30.000.000 денари,
при што износот на гаранцијата може да биде максимум до 15 % од вкупните
приходи на трговското друштво во последната фискална година.
Формулари за индивидуална гаранција:
