Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд.
Попладне врнежите ќе престанат и ќе има повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 13 степени.
Попладне и во среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер, велат од УХМР.
