Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винаријата „ГД Тиквеш“ најуспешен излагач на вино на „ИНТЕРАГРО 2022“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Винаријата „ГД Тиквеш“ најуспешен излагач на вино на „ИНТЕРАГРО 2022“
Саеми и манифестации

Винаријата „ГД Тиквеш“ најуспешен излагач на вино на „ИНТЕРАГРО 2022“

Објавено 23/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винаријата „ГД Тиквеш“ е добитник на Плакета за најуспешен излагач во областа на производство на вино на меѓународниот саем „ИНТЕРАГРО 2022“, кој се одржа во Бијељина, Република Српска, БиХ од 20-22 септември 2022 година. Сојузот на стопански комори на Македонија за посветената ангажираност во организацијата на настанот доби Благодарница како партнер организатор на манифестацијата.

Повеќе од 60 години „ГД Тиквеш“ ужива репутација како една од најзначајните компании за модерно лозарство во Македонија. Денес, компанијата е предводена од новата генерација со јасна и прогресивна визија за успех. Совршеноста на „ГД Тиквеш“ може да се следи преку креирањето на прекрасната винарија за производство на вино, основана во 2013 година. Виното „Фиано Вирго“ за кое ја добива плакетата е високо квалитетно вино со контролирано потекло, хармонично добро избалансирано, со препознатлива арома на мед и лешник направено од старата италијанска сорта на грозја Fiano.

XX Меѓународен саем за земјоделство, храна, лов, риболов и екологија „ИНТЕРАГРО 2022“, на кој имаше 13 македонски компании, помина во одлична атмосфера, со многубројни настани, средби, остварени деловни контакти и со оптимизам за нови идни соработки. Сите учесници беа задоволни од организациската подготвеност на саемот, која ги задоволи највисоките стандарди за вакви манифестации. Македонскиот штанд кој беше организиран со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, прими голем број на посетители, високи државни претставници од нашата земја, Србија и БиХ, претставници на бизнис заедниците од трите држави кои други посетители, кои беа воодушевеност од вкусовите на македонските производи, а особено од вината кои беа изложени и можеше да се дегустираат.

„Многу сме горди што Комисијата која го оценуваше квалитетот на вината највисоко го рангираше виното на винаријата „ГД Тиквеш“. Со сигурност може да кажеме дека висококвалитетните вина од нашата земја имаат одлична перспектива на пазарот во БиХ и очекуваме во наредниот период значително да се зголемат количините кои се извезуваат. Кога ги резимираме трите саемски денови може да кажеме дека присуството на саемската манифестација ги надмина нашите амбициозни очекувања. Сметаме дека на овој начин може да се надомести тоа што овој пазар бил неоправдано запоставен во изминатиот период“, истакнува Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Покрај прехранбените производи и вина дел од компаниите ги презентираат своите производи кои се во делот на крмни смески и компоненти за добиточна храна, како и системите за наводнување капка по капка, минерални ѓубрива, средства за заштита, семенски материјал, пластеници и оранжерии направени со врвен квалитет и по највисоки стандарди.

„ИНТЕРАГРО 2022“ е една од најголемите и најпрестижни манифестации од овој вид во нашиот регион, на која годинава имаше голем број на излагачи од 10 земји, како и значајна бројка на посетителите.

Сојуз на стопански комори на Македонија

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Златен медал за црвеното вино „Babuna 2023“ на „Тиквеш“ и нови меѓународни признанија
Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Таг:Бјељинагд тиквешНТЕРАГРО 2022Тиквеш
Претходен напис Неколку совети за есенска подготовка на градината за зима и пролет
Следен напис Николовски: Целосно ќе се либерализира извозот на свежи домати, зелка, краставици, грозје и јаболка во Украина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?