Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винарска визба „Тиквеш“ со раст во првото полугодие: Приходите +9 %, нето добивката +19 %
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Винарска визба „Тиквеш“ со раст во првото полугодие: Приходите +9 %, нето добивката +19 %
Агровести

Винарска визба „Тиквеш“ со раст во првото полугодие: Приходите +9 %, нето добивката +19 %

Објавено 18/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во соопштението доставено до Македонската берза, од компанијата велат дека вкупните приходи, во првите шест месеци од 2026 година забележаа зголемување од 9% во однос на истиот период од минатата година. Растот е резултат на зголемените приходи на странските пазари за 14% и 3% од продажбата на домашниот пазар.

Компанијата оствари бруто добивка на износ од 885,6 мил. денари и е повисока за 21%. Трошоците за продажба и маркетинг бележат намалување од 6%, а останатите оперативни расходи се повисоки за 16%, административните трошоци се повисоки за 46%, што придонесе оперативната добивка да се зголеми за 35% и да достигне 247,8 мил.денари.

И покрај повисоките финансиски расходи, добивката пред оданочување е зголемена за 21%, додека нето добивката по оданочување изнесува 158,2 мил. денари, што претставува раст од 19% во однос на истиот период од претходната година.

– Во првата половина од 2026 година се остварија вложувања во материјални средства од 24 мил. денари. Финансиските резултати се во согласност со планот и проекциите од Билансот на успехот. Значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средствата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беше реализиран. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беа остварени, стои во соопштението.

Извор – Економија и бизнис

Може да ви се допадне

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
Координативен состанок за актуелната состојба со болеста Западнонилската треска
Според Националната земјоделска мрежа, минимална откупна цена на кг грозје вранец треба да биде 30 денари
Речиси целата држава во зона со висок ризик од пожари
Почна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
Таг:визбаТиквеш
Претходен напис Координативен состанок за актуелната состојба со болеста Западнонилската треска
Следен напис Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?