Еколошкиот пристап на гардинарство, кој вклучива природни ѓубрива и природни средства за заштита на растенијата е правилен начин за одгледување на здраво овошје и зеленчук.
Со правилна нега на растенијата, во градинарската почва треба да се настојува да се создадат што повеќе природни услови. Растенијата целосно го исцрпуваат земјиштето и затоа е потребно да се негува и редовно да се збогатува со природни хранливи состојки. Токму есента е иделано време за создавање на такви, поволни услови во градината. И не само тоа. Така ќе ја сочувате земјата,светлината и водата – здраво опкружување за сите растенија.
Здрава почва за здрави растенија
За раст и развој на растенијата не се доволни само вода,светлина и сонце. Потребни се и многу хранливи состојки во почвата. Составот на почвата зависи од местоположбата и содржината на органски состојки а количината и расположливоста зависи од самиот вид на почвата,нејзината структура,осветленост,влага и киселоста.
Растителние заедници во природата функционираат многу усогласено бидејќи почвата скоро никогаш не е празна. Хранливите состојки постеппено се надокнадуваат по природен пат и тогаш не доаѓа до исцрпување како во градината. Во шумата секогаш е присутен речиси недопрен покривач од органски состојки – лисја, гранки и гранчиња кои непрестано паѓаат на почвата (особено во есен) а животните угинуваат – што е вреден биолошки материјал кој се таложи и ги разградува природните состојки.
Споменатиот покривач не дозволува не и дозволува на земјата под влијание на сонцето и ветерот да се исуши. Во такви опкружувања многубројни растенија одлично успеваат без никаква човечко влијание. Меѓутоа во домашните градини е неопходно да се менуваат живтоните услови на почвата. За вашите растенија да имаат добри услови за растење во гардината треба да се воспостави што е можно пориродно опкружување и рамнотежа. Откријте како во есен можете на добар начин да ја подготвите вашата градина и да се осигурате дека почвата ќе остане со богато хранливи состојки.
1. Средување на градината
Основен чекор во подготовка на земјиштето е средување на градината и чистење на почвата. Во есен на овошките, грмушките и цвеќињата исечете им ги сувите, болни и оштетени гранки, а сите изумрени растенија искорнете ги. Болниот растителен материјал најдобро е да се запали за штетниците и причинителите на одредени болести да не презимат и во пролет да ги нападнат растенијата. Здравиот материјал компостирајте го. Исечените делови од растенијата исчестете ги од трева, ако не содржат семе и корени подоцна можете да ги искористите за компостирање.
2. Компостирање
Компостирање и собирање на органски состојки можете да правите преку цела година. Тоа е наједноставен, најприроден и еколошки начин за згрижување на растителниот отпад.
За компост можете да користите:
– растителен отпад од кујна
Коров (без корени и семе)
– искосена трева
– гранчиња после сечење на овошките и грмушките
– пепел
– хартија
Компостирањето се одвива во компостер, можете да користете пластичен или во градината сами да направите компостер и компостни греди. Потполно разграденитот компост можете да го користите преку цела година. Во есен на глеите можете да ставате и делумно разграден компост кој до пролет целосно ќе се разгради.
3. Прекопување на почвата
Прекопување на почвата е потребно ако не мулчирате. Многу цврстата почва веќе во есен треба длабоко да се прекопа затоа што дождот и снегот во текот на есента и зимата дополнително се набиваат. Тврдата почва е непогодна за обработка и подготовка за садење на нежни растенија. Преку зима почвата не е потребно да се ситни – ниските температури и замрзнувањето ќе ја зацврстат. Во проелет е доволно уште еднаш лесно да се прекопа почвата и да се израмни со мотика и гребло.
4. Употреба на природни ѓубрива и потхранувачи
Хумусот е одговорен за растреситост и плодност на почвата и за изобилство на разновидни организми и нивна активност во почвата. За да осигурате доволна количина на хумус, редовно треба да додавате барем делумно разградено животинско ѓубриво и компост. За градината корисни се и алгите, кокосови влакна, сачма од рицинус и супстрат преостанат од производство на печурки. Спрема потребите на одредени растенија, ѓубривата можете да ги исфрлате по целите леи или поединечно на растенијата. Почвата лесно прекопајте ја за ѓубривото добро да се измеша со земјата. Пепелта расфрлајте ја во тенок слој, додека компостот и арското ѓубриво обично се додаваат во количини од 2 до 4 литри на 1 метар квадратен. Тресетот е сув и растресит материјал кој се користи за подобрување на тешките почви како и оние кои се многу цврсти. Пепелта и песокот се исто така богати со минерали и ја подобруваат структурата на тешките почви и им ја ублажуваат киселоста.
5. Окопување на растенијата
Окопајте ја почвата околу растението што ќе го берете во пролет – зелка, кромид, лук, салата, односно растение кое го оставате заради семе. На местата каде што сте засадиле трајни растенија како роза и грмушки спрема потребата, кај окопувањето можете да ставите и одредена количина природни ѓубрива. Ако можете, преку се ставете и слој мулч кој ќе спречи подоцнежно збивање на почвата. Чувствителните растенија треба да се покријат со слој земја за да се заштитат од студенило.
6. Мулчирање или покривање на почвата
Мулчирањето е постапка на нанесување на неразградени органски состојки околу постоечките растенија или на празна почва. За мулчирање користете лисја, сено, слама. Ставете ги на претходно прекопано земјиште или на делумно разграден органски материјал. При пролетна сеидба или садење на мали растенија, мулчот тргнете го и посадете ги растенијата.
Кога растенијата малку ќе пораснат, мулчот вратете го до самите растенија. Кај редовно мулчирање, под слојот органски материи почвата останува мека и влажна преку цела година. Овој материјал постепено се разградува и ја збогатува почвата па затоа секогаш е добро да се користи. Понатамошната нега на почвата се сведува на повремено прегледување на градината. Ако некаде слојот од мулч е премногу тенок и под него се гледа земјата, тогаш е потребно да се додаде нов слој.
Сите растенија во вашата градина ќе имаат голема корист од есенската подготовка на почвата. Во пролет почвата ќе обилува со хранливи состојки и ќе биде порастресита. Дури и големите овошки со длабоки корени ќе ви бидат благодарни ако околу нив повремено ја разредете почвата и додадете природни ѓубрива. Резултатите од есенската подготовка на почвата ќе бидат највпечатливи во пролет кога вашите растенија ќе ве наградат со бујно и здраво растење.
