Во Србија последниве години се повеќе се подигнуваат насади со боровинки.
Еден таков насад е инвестиција на 70 ари со 3000 саксии, професионално изработени и одржувани.
Но ова не е само приказна за обичен овошен насад туку ова е приказна за најважната љубов на мајката кон детето. Имено, насадот го има подигнато госпоѓа Милијана Агатоновиќ, професорка во средно електротехничко училиште, прекрасна жена, пожртвувана мајка. Секако оваа скапа инвестиција не ја направила со професорската плата туку со парите кои ги праќа синот Младен од Америка.
Нејзината најголема желба е да се врати синот и затоа се радува на оваа инвестиција која ја работи посветено.
– Идејата е на синот, а мене тоа ми е некоја надеж дека ќе се врати од Америка. Заработува пари и ги вложува во насадот. Ја купи нивата и целата инвестиција е негова – вели Агатоновиќ.
За идејата, начинот на подигнување, инвестицијата, заработката…од видеото во прилог.
Превземено од Урош Давидовиќ