Џон Манерс го купил првиот комбајн уште во 1974 година, а денес заедно со неговите внуци имаат дури 300 комбајни од разни видови кои се користат за продажба на резервни делови, што е нивен главен извор на приход.

Тие патуваат во руралните области на Велика Британија и купуваат стари комбајни за кои плаќаат од неколку стотици фунти до дури неколку илјади фунти, а потоа ги расклопуваат и ги продаваат на делови. Кога комбајнот има дефект, земјоделците сакаат да заштедат пари, па купуваат поевтини резервни делови од семејството Манерс.

„За време на сезоната на жетва, нашиот двор станува преполн со луѓе кои доаѓаат од сите страни и ги бараат потребните делови“, вели внукот на Џон, Ричард.



