Секоја година на 4 октомври се одбележува Светскиот ден на животните. Одлуката за тоа беше донесена во 1931 година на Меѓународниот конгрес на приврзаници на движењето за зачувување на природата во Фиренца, Италија.
Целта на Светскиот ден на животните е да се подобри односот кон животинските видови низ целиот свет преку обезбедување поддршка за поединци, групи и организации за заштита на животните, како и подобрувањето на статусот на животните за да се унапредат стандардите на нивното живеење на глобално ниво.
Во светот има над 40 000 загрозени видови. Меѓу најкритичните видови се џиновските панди, тигрите, морските желки, слоновите, носорозите…
Активистите за заштита на животните предупредуваат дека дури и во најразвиените земји во светот има „срамни исклучоци на загрозување на животните“ и тие го наведуваат примерот на шпанската борба со бикови и англиската традиција на лов со кучиња, што е забрането.
Негативни примери вклучуваат кинески фарми со мечки, кои се чуваат за медицински цели, нехуман лов за извоз на морски желка во Индонезија и Јапонија и низа други закани за преживување на животните.
