Димче Димитров од Кочани, член на Меден Исток, рекреативно се занимава со одгледување на пчели од 2015 година, и од почетните 3 пчелни семејства во моментов Димче одгледува повеќе од 40 пчелни семејства на неговиот пчеларник во местото Маџирски Ниви во близина на Кочани.
„На овој пчеларник имам околу 40 пчелни семејства, а помош во одгледувањето добивам од мојот син. Произведувам само ливадски мед.“, вели Димче.

„Членувањето во здружението Меден Исток ми овозможува подобро да се запознаам и да ги применувам одржливите практики, а со тоа и мојот мед да биде безбеден и квалитетен за консумација, како за мене и моето семејство, така и за луѓето на кои го продавам. Пчелата според мене е еден од најблагородните инсекти, и доколку ги нема пчелите, ќе нема ни живот. Затоа мојата порака е до сите да ги чуваме и да се грижиме за пчелите кои ги има во природата.“

