Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Во тек е бербата на шафранот во Костин Дол – Ратко Захариевски ни открива што се е потребно и колкава е инвестицијата за да се одгледува „црвеното злато“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (Видео) Во тек е бербата на шафранот во Костин Дол – Ратко Захариевски ни открива што се е потребно и колкава е инвестицијата за да се одгледува „црвеното злато“
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(Видео) Во тек е бербата на шафранот во Костин Дол – Ратко Захариевски ни открива што се е потребно и колкава е инвестицијата за да се одгледува „црвеното злато“

Објавено 08/11/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ратко Захариевски од селото Костин Дол во близина на Македонска Каменица, веќе три години произведува шафран, најскапиот и најбараниот зачин во светот. Тој е единствениот кој го произведува ова „црвено злато“ во Македонија. Го прашавме како дошол до идејата да произведува шафран.

„Идејата дојде од децата, тие се во Швајцарија, виделе на интернет, изразија желба да земеме и да посадиме. Го набавивме од Холандија, со транспорт, превоз, со царини, сѐ што требаше, ги изоравме нивите, ги заградивме и почнавме да работиме. Работиме трета година и сме презадоволни од производот“, вели Ратко.

Ратко одгледува шафран на 3,5 декари, а инвестицијата со транспорт и царина го чинела 6.000 евра за 30.000 луковици. Ратко вели дека шафранот не бара посебни услови за одгледување, успева на пониски места, единствен услов е во нивата да нема многу трева. Вели дека околу производството на шафран нема мнгоу работа бидејќи тоа е култура која одлично се адаптира и на ниски температури и во период на високи температури и суша. Исто така не треба и ѓубрење.

„Некаде отприлика за еден декар површина е потребно околу 10 илјади луковици, кои, бидејќи шафранот е триплодно растение, за наредните три години ќе станат сто илјади. Веќе во четвртата година се постигнува родот, а после тоа следната година мора да се смени парцелата и на нејзино место да се засади друга култура, а луковиците да се пресадат на друга нива. Нивата се заорува и се израмнува како за садење пченка, а садењето се врши рачно“, објаснува Захариевски.

Шафранот го берат 25 дена секој ден. Го сушат, го складираат во тегли херметички затворени и така го транспортираат. Секоја година сѐ повеќе и повеќе се размножува. Четвртата година го вадат, го класираат и повторно го садат. Шафранот го садат на 15 август, а од 1 ноември почнуваат со берба.

„Го береме рачно и внимателно да не се оштетат прашниците и цветовите, потоа ги ставаме во плетени кошници или дрвени гајби, кои го носиме дома, ги ставаме на маса и полека го истресуваме правот од прашниците. Секој цвет шафран се состои од толчник и три прашници. Во текот на сезоната од секоја луковица растат од два до девет цветови, кои имаат сина или виолетова боја, а секој цвет пак е составен од 3 црвени толчници кои се долги околу триесетина милиметри. За еден грам се потребни некаде околу 150 цветови, додека за еден килограм зачин шафран се потребни и до 200.000 цветови“, објаснува нашиот соговорник.

Интересно е што шафранот цвета многу краток период и тоа само три недели во текот на годината. Цената зависи од повеќе фактори. Ратко вели дека е задоволен и од квалитетот и од квантитетот, од 3,5 декари набрал 1 кг шафран, што е одлично затоа што ако се земе предвид дека цената на килограм од овој зачин изнесува од 18-20.000 евра тогаш заработката е одлична. Кај шафранот всушност најважен е толчникот, кој откако ќе се собере се суши на температура од 50 степени, во сушилница за еден ден.

Шафранот има поинаков животен циклус од другите растенија, во пролет го снемува, а во септември, кога ќе се појават дождовите и тој се појавува.

Што се однесува до пласманот, Ратко вели дека може да го продаде единствено во странство а, како што ни кажа Ратко, едно четворочлено семејство може убаво да живее од одгледување на шафран.

Во иднина Ратко планира да го прошири производството, а ги поттикнува и сите заинтересирани да почнат да произведуваат шафран. Тој е на располагање да помогне, да ги подучи и да им покаже што треба.

„Сите што се заинтересирани нека погледнат, нека дојдат да видат и секој може да купи. Не мора да купи 3,5 декари и 1,5 декари да посади доволно е за првата година.“, вели Захариевски.

Разговаравме и со Светлана Стојменовска, која бере шафран на нивата на Ратко и таа ни објасни како изгледа бербата на шафранот.

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:ратко захариевскишафран
Претходен напис Сојуз на Земјоделски здруженија: Изменет правилникот во корист на тутунопроизводителите
Следен напис Денеска променливо облачно и ветровито
3 коментари 3 коментари

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?