Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Кокошварош – Првиот кокошкин град во Хрватска во кој кокошките живеат без стрес
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > (Видео) Кокошварош – Првиот кокошкин град во Хрватска во кој кокошките живеат без стрес
Органско производство

(Видео) Кокошварош – Првиот кокошкин град во Хрватска во кој кокошките живеат без стрес

Објавено 27/04/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нашите кокошки живеат природен начин на живот, без стрес, јадат сто проценти еколошка храна, а посебно внимание посветуваме на нивната благосостојба, вели сопственикот Жељко Фрања.

Во Раковачки Поток во близина на Самобор сместена е единствената населба – Кокошварош – фарма за еколошко одгледување на живина. Внимателно архитектонско осмислениот кокошарник се простира на 2.500 квадратни метри, а во него слободно се движат 400 несилки кои несат органски јајца.

„Кога почнавме да размислуваме за одгледување на кокошки, првата варијанта беше еколошко одгледување на домашен начин, но брзо сфативме дека тоа е целосно неисплатливо, па затоа се свртевме на научен пристап, се поврзавме со Ветеринарниот факултет, ја одредивме исхраната со која кокошките несат подобро, ги купивме оние кокошки кои несат најдобро и го продолживме траењето на дневната светлина“, вели Жељко, сопственик на оваа иновативна фарма која прима и заинтересирани посетители.

Фото: Принтскрин/Youtube

Нема гужва во кокошарникот

Точно ја одредиле површината која секоја несилка треба да ја има, па така имаат четири групи од четири кокошарници во кои спијат по 25 кокошки.

Куќичките од дрво од ела, кои стојат на железни столбови, имаат по 25 квадрати. На секоја несилка и се обезбедени и шест квадрати во дворот, каде што слободно пасат трева и бараат црвчиња.

Се држат до сите пропишани хигиенски услови, редовно се чисти просторот во кој кокошките престојуваат за да не се контаминира.

За да се овозможи пристап на посетителите на оваа засега единствена ваква фарма во Хрватска, осмислиле јавна улица на централниот простор, кој е во непосреден визуелен контакт со кокошарникот, но без попречување на неговите основни функции. Средишната зона е наменета за туристите, додека околните зони се наменети исклучиво за мирен живот на живината.

Фото: Принтскрин/Youtube

„Нашите кокошки живеат природен начин на живот, без стрес, јадат сто проценти еколошка храна од која најмалку 60 проценти збогатена со влакна, а посебно внимание посветуваме на нивната благосостојба“, вели Фрања и истакнува дека не им ги сечат клуновите, метод кој се користи во кафезното одгледување на несилките за да се намали меѓусебното повредување на кокошките до кое често доаѓа во неприродно смалени, односно натрупани услови на интензивни фармерски постројки.

Но Кокошварош не е таква фарма.

Нејзиниот сопственик континуирано воведува иновации, меѓу кои се особено важни соларните ламби благодарение на кои на несилките им е продолжен денот, па така имаат дури 16 часа дневна светлина.

Слободното одгледуавање на несилките носи и одредени ризици, особено од здравствен аспект. Жељко, за среќа досега немал такви проблеми. Кокошките редовно се вакцинираат, а во четири години производство на фармата немале никакви потреби за интервенција. Кога станува збор за еколошко производство, надзорот е многу важен.

„Контролните тела се изразено строги, а јас го почитувам тоа“, вели сопственикот.

Смета дека е особено важно да се едуцираат луѓето за еколошко одгледување, особено оние најмладите, кои низ забавни приказни го откриваат светот на домашните животни. Во Кокошварош се наоѓа Кокородилиште и Пилешка градинка, а како вистински микроград, има Авенија за пченка, продавница Chick Boutique, меѓународен Кокаколеџ, плоштад Златна кокошка и плоштад Прво јајце. Токму училишните деца се чести гости на неговата фарма, но пандемијата на коронавирусот привремено ги затвори своите врати за љубопитните посетители.

Знаењето со задоволство ќе го поделат

Во современата еколошка населба во Раковачки Поток, каде што некогаш секоја куќа имала свои несилки, Жељко инвестирал половина милион куни, а користел и средства од ЕУ фондовите за купување на земјиште и жупаниските субвенции кои биле на располагање. Посебно порака упатува до сите оние кои размислуваат за премин на слободно одгледување на несилки и вели дека своето знаење со задоволство ќе го подели.

„Ние го поминавме сето тоа, зошто да го поминува и некој друг. На пазарот секогаш ќе се појавуваат нови производители, а сите мораме да го најдеме своето место на пазарот, да бидеме во контакт и подобро да комуницираме со локалната и државната управа – да ни помогнат што повеќе луѓе да почнат со ова производство, па нашата држава да стане зелена приказна“, заклучува Жељко Фрања.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Таг:кокошварош
Претходен напис Опожарена трска на охридското крајбрежје во Струга
Следен напис Во велешко пошумени 16,5 хектари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?