Табе Красниќи живее во село Витомирица, кај Пеќ (Косово) и повеќе од 10 години се занимава со краварство. Во нејзината фарма со 80 грла моментално работат четворица работници.
Taбе, раскажува за сите предизвици што со себе ги носи работата на фарма.
„ Денот на еден земјоделец никогаш не е рутина, секој ден има нов предизвик. На фармата никогаш не е досадно. Кога се е во ред почнувам со работа во 8 часот наутро но кога има болест или некој друг проблем во станувам рано. Вработените работат во смени, на фармата секогаш мора да има некој. Денот ни започнува со истите прашања: Има ли проблем? Има ли нешто ново? Морам да признам дека сум емоционална врзана со кравите, посебно кога се болни или кога некоја треба да раѓа. Тогаш цел ден умот ми е кај неа“, раскажува Красниќи.
За одгледувањето на млечни крави Табе вели, дека е добар бизнис и дека има големи придобивки, а на фармата решила да работи затоа што смета дека молезењето на кравите подобро го прави жената отколку мажот.
Во иднина, планира да ја прошири фармата и да го зголеми бројот на карвите и тоа за брзо време.
Красниќи, сегашната фарма успеале да ја реновираат со помош на грант во висина од 60 000 евра, одобрен од страна на Министерството за земјоделство, кој го добиле во 2017, а го имплементирале во 2018. Секако инвестирале и сопствени средства во висина од 40 000 илјади евра.
Семејството на Табе Красниќи обработува и земја, поточно садат пченица и пченка.
„Со трудот кој го вложувам и помошта од државата, резултатот е неизбежен. Со овој бизнис го издржувам семејството. Имам сопруг и четри деца. Овој бизнис посебно ми помага за школувањето на децата“- вели таа.
Извор:MBPZHR KOSOVO
