Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Гарантниот фонд доби виза од Комисијата за финансирање и буџет, оди на собраниска седница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Гарантниот фонд доби виза од Комисијата за финансирање и буџет, оди на собраниска седница
АгровестиФондови

Гарантниот фонд доби виза од Комисијата за финансирање и буџет, оди на собраниска седница

Објавено 16/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Предлог-измените на Законот за Развојната банка, со кои треба да се операционализира гарантниот фонд, денеска поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет по што треба да се најдат на усвојување на пленарна седница, пишува Независен.мк

Гарантниот фонд за кој се обезбедени средства во висина од 10 милиони евра ќе функционира во рамки на Развојната банка, а целта е да се олесни пристапот до финансиски средства за микро, малите и средните претпријатија во услови на отежнато работење и намалени приходи и ликвидност поради пандемијата на Ковид -19.

– Со предложеното законско решение се формира гарантен фонд кој преку издавање на гаранција за веќе одобрени кредити од банки и штедилници ќе им помогне на микро, малите и средните претпријатија за напречено функционирање на тековните активности и потреба од обртен капитал како и на издржани бизнис проекти за купување на основни средства. Гарантиниот фонд ќе се организира во рамки на Развојната банка која има изградено инфраструктура и стручен кадар. Средствата за отпочнување на гарантниот фонд во висина од 10 милиони евра се веќе обезбедени во Буџетот што значи со минимални трошоци за институциоинализација на фондот, тој ќе стане оперативен веднаш по неговото усвојување, појасни заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет.

Информацијата во целост на следниот линк

Одлична најава за сите правни субјекти кои се корисници на ИПАРД Фондот, напиша на Фејсбук Никица Бачовски, директорот на Платежната агенција и ја потенцираше важноста од формирањето на гарантниот фонд.

Се очекува гарантниот фонд преку издавање на гаранција за веќе одобрени кредити од банки и штедилници да им помогне на микро, малите и средните претпријатија за напречено функционирање на тековните активности и потреба од обртен капитал како и на издржани бизнис проекти за купување на основни средства.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:гарантен фондДимитарфонд
Претходен напис Зa две недели 17 акции за незаконски лов на риба на Охридското езеро
Следен напис (Видео) Пример за жена фармер: Табе Красниќи и нејзината фарма со 80 крави во Витомирица кај Пеќ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?