Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Славјанка Петровска: Центарот за поддршка на домашните компании е можност за пробив на НАТО пазарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Славјанка Петровска: Центарот за поддршка на домашните компании е можност за пробив на НАТО пазарот
Агровести

(ВИДЕО) Славјанка Петровска: Центарот за поддршка на домашните компании е можност за пробив на НАТО пазарот

Објавено 04/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска имаше свое обраќање на настанот „Денот на НАТО – 4 Април“. Настанот „Денот на НАТО – 4 Април“ традиционално го организира Евроатлантскиот совет на Северна Македонија и на него, покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, јавноста се информира за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава и бенефитите од членството во Алијансата. На настанот се презентираат и реформите и напредокот на годишно ниво, со посебен осврт на Армијата. Оваа година посебен фокус е ставен на пандемијата и војната во Украина, во пресрет на Самитот на НАТО во Мадрид.

Во своето обраќање министерката Петровска ја потенцираше важноста на безбедноста за зголемување на економскиот раст.

„Безбедноста гарантира зголемување на економскиот раст. Членството во НАТО носи нови можности, нов пазар и побрз прогрес. Тоа претставува нова можност за државата, но и гарант за нови инвестиции. Секако, најголема шанса за нашата бизнис-заедница и компаниите е да учествуваат во големиот синџир на набавки и снабдувања со производи и услуги за потребите на НАТО. Со членството во НАТО се обезбеди и сигурност за македонските компании при склучување на нивните бизниси со странски компании. Се подразбира дека голем фактор при одлучувањето на која било компанија да започне бизнис партнерство со друга компанија, е безбедноста и стабилноста на државата во која компанијата егзистира. Дополнително, со зачленувањето на Северна Македонија во НАТО се отвори и можноста за нашите компании активно да учествуваат на јавните набавки кои се објавуваат од страна на НАТО агенциите за набавки. Досега постапката за регистрација за учество на јавните набавки ја имаат направено 13 компании“, рече Петровска.

Министерката ги охрабри компаниите заедно со Министерството за одбрана да ги искористат овие можности.

„Јас како министерка ве охрабрувам и ве поканувам заедно да ги искористиме овие можности. За оваа цел компаниите имаат вистински партнер во Министерството за одбрана во чии рамки е воспоставен центарот за поддршка на домашните компании за пробив на НАТО пазарот. Сакам да најавам дека овој центар ќе го зајакнеме и со луѓе и со експертиза и ги повикувам и компаниите и коморите на соработка да ја искористиме можноста најдобро што можеме нашите бизниси да влезат на пазарот на НАТО.“, рече министерката.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:славјанка петровска
Претходен напис Бензините поевтинуваат за 2,5 денари, дизелот за 1,5 денари
Следен напис (ВИДЕО) Јаневски: Да се овозможат меки кредити и државни гаранции за компаниите кои се подготвени да инвестираат во агрокомплексот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?