Гневот на сточарите и земјоделците од Пелагонија денеска ескалираше пред вратите на Подрачното министерство за земјоделие во Битола. Тие повторно го изразија револтот и алармираат дека се доведени до питачки стап, бидејќи државата со месеци не им ги исплаќа заслужените субвенции – велат цената на јачменот е понижувачки ниска, а домашната пченица буквално нема цена. Дополнително блокиран е и откупот на јариња и кози.
Им даваат шанса на властите за десет дена да ги подмират долговите кон нив или тие во спротивно ќе ги радикализараат протестите преку блокади на регионални патишта .
Според информациите лани во август околу 3 700 сточари млекопроизводители, одгледувачи на говеда добија 147,8 милиони денари, премија за млекото за првите три месеци од 2025 година.Потоа, дури во март годинава 4.545 производители на млеко, добија 270 милиони денари, премија за млекото за период јануари-јуни 2025 година.Во април годинава субвенции по грло зедоа само овчарите а останатите сточари останаа неисплатени по грло.Инаку, според програмата за финансиска поддршка во земјоделството во 2026 година, донесена во февруари годинава, Владата обезбеди поддршка од 6 милијарди денари за земјоделието.
Извор – 24ТВ
