Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Лозарите од Тиквешијата јавуваат за масовно сушење на виновата лоза, се бара спас за лозјата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Лозарите од Тиквешијата јавуваат за масовно сушење на виновата лоза, се бара спас за лозјата
Агровести

(ВИДЕО) Лозарите од Тиквешијата јавуваат за масовно сушење на виновата лоза, се бара спас за лозјата

Објавено 26/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Деновиве се погласни се лозарите од Тиквешијата кои ни испраќаат фотографии од исушени лозници и цели насади со винова лоза.

Според експертите кои ги контактиравме, најверојатно се работи за појава на болеста пламеница бидејќи временските прилики оделе во прилог на појавата на оваа опасна болест.

Заболувањето го предизвикува габата Plasmopara viticola.

Пламеницата заедно со пепелницата е најопасна болест и нај честа болест кај виновата лоза. Може да ги нападне сите делови на лозата но најчесто прави штети на грозјето и листот. Габата презимува во облик на зимски спори на опаднатите листови. Првите пролетни зарази се можни кога ќе се исполнат соодветни временски услови (просечна температура три дена да не падне под 11 степени, во текот на 24 часа да падне барем 10мм воден талог, а големината на листовите да е 2 – 3 цм. Зимските спори на опаднатите листови ртат во пролет во посебни творби макроспорангии, од кои се развиваат зооспори. Ветерот и дождовните капки ги пренесуваат зооспорите на ливчињата на кои ртат. Првите зарази обично се појавуваат во втората половина на мај. Зооспорите ртат низ стомите. По неколку дена можат да се приметат видливи знаци на жолтеникави маслени дамки. Истовремено за ден или два да се појави бела превлака во вид на мувла во која се создаваат летните спори причинители на натамошните зарази. Времето од почетокот на заразата до појава на првите видливи знаци може да изнесува 12 – 15 дена, а кон крајот на јуни 4 – 6 дена. Пламеницата може да ги зафати зрната од гроздот се додека не постигнат големина на зрно грашок 5 – 7 мм и не се покријат со восочен полеп, иако и подоцна е можна зараза преку рачките, каде стомите се сеуште отворени.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:лозјалозниципричина
Претходен напис Приведени 12 дрвокрадци во струшко, фатени при бесправна сеча на дрва
Следен напис МЗШВ: Земјоделците да аплицираат за земјоделско земјиште до 21 јули – Во услови на криза не оставаме ни педа необработена земја
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?