Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Земјоделците да аплицираат за земјоделско земјиште до 21 јули – Во услови на криза не оставаме ни педа необработена земја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Земјоделците да аплицираат за земјоделско земјиште до 21 јули – Во услови на криза не оставаме ни педа необработена земја
АгровестиЈавни огласи и повици

МЗШВ: Земјоделците да аплицираат за земјоделско земјиште до 21 јули – Во услови на криза не оставаме ни педа необработена земја

Објавено 26/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Javen povik za davanje pod zakup 2 fb post 04
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги објави двата дополнителни јавни огласи со кои за земјоделците на располагање им се ставаат дополнителни 3.769 хектари земјоделско земјиште со површина над 3 хектари.

Првиот јавен оглас опфаќа 529 хектари земјоделско земјиште над 3 хектари, распределени во 10 региони низ државата: Берово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Штип. Намената на земјиштето кое се дава под закуп за првиот јавен оглас е одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна (житни, фуражни и индустриски култури) за период до 15 години.

Infografik 2 fb post

Право на учество на овој јавен оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Минималната површина на земјоделското земјиште во државна сопственост која може да се даде под закуп на еден учесник изнесува 3 хектари, доколку понудувачот достави потврда од овластена ветеринарна станица за располагање со најмалку 5 грла говеда или копитари, односно 50 овци или кози, односно 20 свињи, односно 500 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки. Максимална површина на која за овој јавен оглас еден учесник може да аплицира изнесува 20 хектари.

Вкупната површина на земјоделско земјиште која се дава под закуп со вториот јавен оглас е 3.240 хекатари, распределени во 22 региони низ државата: Берово, Валандово, Виница, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Куманово, Кавадарци, Неготино, Струга, Струмица, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Велес, Штип и Чаир. 

Предвидената намена на овој оглас е за подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Право на учество на овој јавен оглас имаат сите домашни физички и правни лица и странски правни лица. Големината на површината која може да се даде под закуп на еден корисник од овој јавен оглас, се утврдува врз основа на минимално материјално-техничката опременсот и бројот на вработени според бизнис планот на понудувачот.

Рокот за поднесување на апликациите е 30 дена од објавувањето на јавниот оглас во Службен Весник, односно до 21 јули 2022 година. Постапката за распределба на земјоделското земјиште се врши по пат на електронско јавно наддавање.

„Не оставаме ниту една педа земјоделско земјиште необработено, особено во услови на криза. Активирани се сите капацитети за обезбедување на доволно храна за сите граѓани. Во овој период на криза распишавме 7 јавни огласи со кој на рапсолагање ставаме нови дополнителни 13.785 хектари земјоделско земјиште до и над 3 хектари распределено низ целата територија на државата, со намена за производство на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна“, истакнуваат од Министерството.

Заинтересираните земјоделци и земјоделски стопанства можат да аплицираат на овие два јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за производство на сточна храна и подигнување на долгогодишни насади. Повеќе информации за постапката и начинот на аплицирање може да се добијат на веб страната од министерството www.mzsv.gov.mk, преку подрачните единици на министерството или во секторот за земјишите при МЗШВ.

За повеќе информации околу повикот и аплицирање можете да добиете од АГРОТИМ на е-пошта: info@agrotim.mk и или на телефонскиот број 071 225 345.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјамзшвоглассубвенции
Претходен напис (ВИДЕО) Лозарите од Тиквешијата јавуваат за масовно сушење на виновата лоза, се бара спас за лозјата
Следен напис Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?