Алексо Кожевски од село Бучин и неговото семејство, веќе трета година произведуваат органска пиперка.

За нив органското производство воопшто не е ново, бидејќи тутунот го третираат со органски препарати, а од јачменот годинава извадиле 5 тона од хектар благодарение на препарати за прихрана дозволени во органското производство.

Кожевски е дел од проектот „Договорно производство на органска пиперка“, има склучено договор со откупувачот “Тргопродукт“ и ги следи чекорите кои треба да се поминат за да може неговиот производ да се декларира како органски, а со тоа да добие 100 % повисоки субвенции. Еден од првите чекори е секако сертификација на производот, за што државата обезбедува 50% субвенции за добивање на сертификатот.

Што значи договорното производство за земјоделците, каква е процедурата за добивање на сертификат, во каква фаза е сега пиперот и што може да се очекува од проектот, во видеото на Агротим.

Проектот „Договорно производство на органска пиперка“, годинава за прв пат стартуваше во организација на Агротим, советници, откупувачи и земјоделски производители. Активноста се спроведува со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е Програма.
Правила за премин од редовно во органско земјоделско производство (преоден период) се дадени во Член 36
Откако земјоделецот ќе ја одреди површината на која планира да произведува органска пиперка (или друга култура) треба да се склучи договор со една од двете сертификациски тела кај нас ПРО ЦЕРТ и „БАЛКАН БИОСЕРТ“ и да побара сертифицирање на таа површина. (Државата дава субвенции од 50% за сертификат)
После поднесувањето на барање инспекторите од сертификациското тело излегуваат на терен и даваат одобрение и мислење дали таа површина исполнува услови за органско производство.
Понатаму следи избор на семенски материјал
Кога се работи за одгледување на едногодишни култури и доколку површината веке добила сертификат за органско производство, треба да се внимава при изборот на семенски материјал. Семето кое се употребува мора да поседува сертификат за органско или доказ за нетретирано семе.
Понатаму следуваат сите стандардни операции како и во конвенционалното производство околу производството на расад, но со напомена дека треба да се користат ѓубрива и прихрана дозволени во органско производство. Листата на овие средства ја имаат сертификациските тела.
Важно е да се знае дека употребата на хербициди е строго забранета во органското производство.

Високи субвенции од 72 000 денари за хектар органска пиперка и други бенефиции од државата
Нашите земјоделци имаат поволни почвено – климатски услови за органско производство, а како поволност се и високите субвенции за ова производство.
Конкретно доколку се одлучите да произведувате органска пиперка од сортата куртовска капија тогаш имате 60 000 денари од хектар ( за 100% повисоки субвенции од конвенционалното производство кое изнесува 30 000 денари од ха).
Доколку површината ви е од 1 до 5 хектари тогаш имате 72 000 денари од хектар.
Ова зголемување е со цел да се зголемуваат површините кај малите земјоделски стопанства.
На оваа сума од 72 000 денари за хектар со органска пиперка куртовска капија, има и дополнителни субвенции од 6 денари (100% повеќе од конвенционално произведени) за предадени во преработувачки капацитет.
Пример ако предаде 5 000 килограми од хектар ќе добие плус 30 000 денари. Или заедно со субвенциите по површина вкупно 102 000 денари или 1 700 евра.
Државна поддршка има и за преработувачот доколку е регистриран за органско производство. За преработка на органски производи и органски производи во преод, поддршка до 10% од произведените до максимум од 150 000 денари по оператор.
Исто така земјоделскиот производител има субвенции од 50% има и за добивање на сертификат за органски производ.

