Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што ќе биде со сојата?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Што ќе биде со сојата?
АгровестиРастително производство

Што ќе биде со сојата?

Објавено 16/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Високите температури негативно влијаат на сите псоеви па и на сојата. Веќе сега стручњаците велат дека ќе имаме подпросечен принос ако сушата продолжи на поедини парцели каде може и во целост да нема род.

Поради подоцната сеидба, долгиот период на никнување и катастрофалната суша, сојата на повеќето парцели остана ниска, не формира адекватен број на спратови, што е предуслов за остварување на добар принос. Душан Шијачиќ во Србобран одгледува соја на 17 ха. Вестите кои ги носи од нива не се добри.

-„ Состојбата со сојата не е задоволителна, дури би рекол дека е лоша. Многу лоша, сојата е многу мала на раст, ја сеам на 70 см меѓуредово, таа сеуште не ја преминала висината на коленото. Не ги затвори редовите, цвета интензивно, но ги исфрла цветовите и не создава мешунки. Имам две сорти: Венди и Рубин. На Рубинот има уште 2-3 мешунки на растение, тоа се сеуште многу мали мешунки и прашање е дали ќе се додржат. Кај Венди, или има една мешунка или нема ниедна. Ако се продолжи сушата ќе биде катастрофа“

Стручњакот на Институтот за полјоделство и градинарство, Војин Ѓукиќ вели дека под влијание на високите температури и отсуството на влага, сојата е во константен стрес, растенијата ги отфрлаат долните листови и слабо зафаќаат или ги отфрлаат зафатените мешунки.

-„Сојата претрпе низа стресни ситуации во оваа година кои оставија траги на посевите. Повеќето приноси кај сојата на долните катови каде е најкрупно и најквалитетно зрното. Со неповолните услови прво доаѓа до отфрлање на мешунките прво на долните спратови. Секој нареден ден со многу високи темератури и без дождови доведува до значително намалување на приносот. Уште е рано да зборуваме за приноси на сојата но сево ова упатува на многу ниски приноси кои ќе бидат под повеќегодишниот просек“.

Дека една неволја не оди сама зборува и фактот дека високите температури ќе го забрзат и растот на бубачки. Сега земјоделците би требало да го заштитат посевот, а при тоа и да не занаат дали ќе имаат принос. Најавениот дожд би можело само да го ублажи, сега веќе извесно, лошиот овогодишен род на сојата.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:жнеењеквалиттелошприн оссоја
Претходен напис Потпишан меморандум за соработка меѓу ВВ „Тиквеш“ и „Факултет за земјоделски науки и храна“ во состав на УКИМ во Скопје
Следен напис (ВИДЕО) Како до сертификат за органско производство и 100 % повисоки субвенции од примерот на Алексо Кожевски од село Бучин
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?