Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Јапонска мушмула- дрво што цвета во јануари и дава многу вкусни плодови, го има и кај нас
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > (ВИДЕО) Јапонска мушмула- дрво што цвета во јануари и дава многу вкусни плодови, го има и кај нас
Растително производство

(ВИДЕО) Јапонска мушмула- дрво што цвета во јануари и дава многу вкусни плодови, го има и кај нас

Последна измена: 24/11/2019 00:50
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Јапонската мушмула е дрво високо од 5 до 7 метри со широка и богата крошна. Листовите се светли, обраснати со ситни влакненца и релативно големи. Цвета во касна есен и во зимските месеци , а плодот созрева во мај и јуни. Плодот на јапонската мушмула е портокалово-жолт, многу вкусен со неколку кафеави семки. Се размножува од семка а можно е и калемење на самоникнатите растенија. На ова дрво не му одговара ветер така што би требало да се сади на светли места засолнето од многу силен ветер. Одлично поднесува високи температури како и темпеартури до -12 степени целзиусови но не на подолг период.

Можеби во некој двор наѕирнува дрво полно со жолти плодови, а можеби никогаш и не сте виделе јапонска мушмула. Добрата вест е дека успева и кај нас, лошата вест е дека е многу ретка. Сепак јапонската мушмула изобилува со здравствени бенефити.

Иако слатки, јапонските мушмули имаат многу малку калории, а изобилуваат со огромни количини на пектини, несолубилни диетални влакна. Пектините имаат улога во одржување на здрав колон, така што ја влажнат слузницата, спречуваат контакт со токсични материи, а исто така врзуваат и канцерогени супстанци кои се исфрлаат надвор пред да имаат можност да делуваат.

Исто така пектините помагаат во намалување на холестеролот, спречувајќи негова повторна абсорпција во дебелото црево.

Јапонската мушмула е одличен извор на витамин А и само 200 грами од овие плодови ја пополнуваат дневната потреба за овој витами. Витминот А е битен за острината на видот и здравјето на кожата. Освен витамини, овие овошки изобилуваат и со флавоноидни антиоксиданси.

Свежата јапонска мушмула е и одличен извор на калиум, битен минерал за одржување на електролитниот баланс во телото, срцвиот ритам и крвниот притисок. Од другите минерали, содржи значајни количини железо, калциум, манган и Б комплекс.

Важна напомена: Не се лажете да ги пробате мазните интересни семки од јапонската мушмула бидејќи содржат многу токсични алкалоиди како цијаноген-гликозиди кои кога се конзумираат можат да предизвикаат животно загрозувачки симптоми како повраќање, недостаток на воздух па дури и смрт.

Затоа, особено за децата се препорачува да бидат надгледувани од возрасни лица додека го јадат ова овошје за случајно да не изедат и некоја семка.

Може да ви се допадне

До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Боне Спасовски инвестира 55 000 евра во нов лозов насад со „Темјаника“ : Доста барана сорта, лани цената достигна 45 денари за килограм
Земјоделците јавуваат за ШТЕТИ од измрзнување кај расадот од ТУТУН
Oдгледување на две култури на иста нива: Кои се најдобри комбинации?
Таг:витаминидрвојапонска мушмулаовошкаплод
Претходен напис Прочитајте кои се приоритетни сектори за Мерка 3 од најавениот повик ИПАРД
Следен напис Кој може да биде корисник на Мерка 3 од најавениот повик ИПАРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?