Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прочитајте кои се приоритетни сектори за Мерка 3 од најавениот повик ИПАРД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Прочитајте кои се приоритетни сектори за Мерка 3 од најавениот повик ИПАРД
Фондови

Прочитајте кои се приоритетни сектори за Мерка 3 од најавениот повик ИПАРД

Последна измена: 23/11/2019 22:48
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЗИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И РИБИНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Цели на мерката Инвестиции во основни средства за преработка на земјоделски и рибни производи

Оваа мерка ке го подржи развојот на човечките и физичките ресурси, ќе ја зголеми способноста на земјоделскиот сектор да се справи со конкурентскиот притисок и со силите на пазарот се со цел да се помогне на земјоделскиот сектор постепено да се усогласи со стандардите на ЕУ. Мерката исто така ќе помогне и во справување со предизвикот на климатските услови, промовирајќи ефикасност на употреба на ресурсите и обновливите извори на енергија. Покрај ова, со имплементација на оваа мерка се очекува подобрување на вкупните перформанси, економската продуктивност и конкуретност на претпријатијата за преработка на храна и тоа преку:

Подобрена употреба на факторите на производство, запознавање со нови производни процеси и технологии

Зајакнување на синџирот за набавка и координација помеѓу преработувачите и производителите

Подобрување на квалитетот и безбедноста на храната и нивнaта проверка

Постигнување на усогласеност со стандардите на заедницата

Унапредување на заштита на околина.

Приоритетни сектори

Следните сектори кои се поврзани со преработката и/или маркетинг на производи, покриени со Анекс 1 од Договорот за ЕУ (Прилог 16.1 од ова Упатство ) се прифатливи за поддршка во рамките на оваа мерка:

  • Млеко и млечни производи;
  • Месо и производи од месо ( вклучувајќи јајца и живина);
  • Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури);
  • Житарици, мелнички продукти и скроб;
  • Растителни производи и масла и маснотии од животни;
  • Шира, вино и оцет;
  • Производство на енергија преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Финансиска поддршка предвидена со мерката

Вкупната финансиска поддршка (75% ЕУ фондови + 25% националното ко-финансирање) нема да ја надминуваат горната граница од 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестициите.

Горната граница може да се зголеми за 10 процентни поени за делот од инвестициите кои се однесуваат на:

  • Инвестиции во згради/опрема чија што намена е да се подобри енергетската ефикасност (на пр. употреба на градежен материјал кој ја намалува загубата на топлина);
  • Инвестиции за згради/опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровински материјал) кој е покриен со Анекс 1 од Договорот со ЕУ (преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија);
  • Инвестиции за згради/опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија за да се произведат количини еднакви на сопствените потреби за електрична енергија за преработувачките претпријатија;
  • Инвестиции за згради/опрема за третман на вода/отпадна вода.

Напомена: Зголемувањето на процентот на финансиска поддршка за 10 процентни поени се однесува само за делот на инвестицијата заради кој се врши зголемувањето на поддршката а не за целосно предложената инвестиција.

За да се добие поддршка во рамките на оваа мерка, вкупните прифатливи трошоци за предложениот инвестициски проект треба да изнесуваат најмалку 10.000 евра во денарска противвредност.

Највисоката вредност на вкупните прифатливи трошоци по корисник за целиот период на спроведувањето на оваа програма изнесува 4.500.000 евра во денарска противвредност.

Напомена: Опфатот на поддршката на оваа мерка нема да се преклопува со опфатот на поддршката со мерките од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. АФПЗРР пред склучување на договор ќе изврши проверка за да се спречи двојно финансирање на истото средство од овие програми.

За сите информации поврзани со ИПАРД и Мерка 3, можете да се информирате на порталот на ИПАРД

Може да ви се допадне

ИПАРД 3: Можност за авансна исплата од 30-50% по потпишување на договор со Платежната агенција
Инфлацијата пак расте: Храната од април до мај поскапела за 4,1 отсто
АФПЗРР: Потпишани нови договори за финансиска поддршка од Мерка 3 и презентирана можноста за авансно плаќање
Основни УСЛОВИ за да може да аплицирате за ГРАНТ од 600.000 евра за рурален туризам
Правилната распределба на државното земјоделско земјиште може да ја намали зависноста од увоз на храна
Таг:апликациибезбедностИпардфакторихрана
Претходен напис Стручен совет: Заштита од полжави
Следен напис (ВИДЕО) Јапонска мушмула- дрво што цвета во јануари и дава многу вкусни плодови, го има и кај нас
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?