Розите презимуваат без поголеми проблеми, дури и кога температурата ќе падне повеќе од десет степени под нулата. Понекогаш се случува врвовите или поголем дел од растението да замрзнат, но по правило растението се обновува и ја продолжува вегетацијата во наредната сезона.
За растенијата како што се розите да растат здрави и да напредуваат, потребно е кастрење за да можат да се разгрануваат.
Совети за кастрење
-Розите треба да се кастрат пред зимата, но многу е важно тоа да се прави правилно – вели цвеќарката Александра Милановиќ.
Според неа, кастрењето пред зимата најдобро се прави кога денот е ведар, односно кога нема дожд и ветер.
-Изберете студен ден за кастрење, не чекајте да се намалат или зголемат температурите, бидејќи тоа може да предизвика будење на пупки и повторно вегетативно растење – објаснува цвеќарката и додава дека за кроењето на розите прво мора да ги подготвите сите потребни алатки:
-Потребни се мали и големи остри ножици и добри ракавици за да не се повредат рацете, а потоа можете да започнете со кроење.
Како што вели цвеќарката Александра, треба да се има предвид дека кроењето е стресно за растението. Затоа, потребно е да се внимава какво е времето и во каква состојба е грмушката.
-Начинот на кроење зависи од видот на розата. На пример, чајните рози ги кроиме за две третини и оставаме три до четири млади и квалитетни гранки, кои обилно ќе цветаат во текот на целата година – вели цвеќарката Милановиќ.
Таа нагласува дека пред сѐ треба да се отстранат сувите гранчиња сѐ до здравиот дел од гранката.
-Кога ќе ја пресечете гранката, централниот дел на растението мора да биде здрав. Доколку забележите дека средниот дел е кафеав, гранката треба да се исече додека не дојдете до здравиот дел – заклучува цвеќарката и додава дека најважно е да се отсечат големите, искривените или оштетени гранки, кои може да се скршат поради снегот – објаснува Александра за Телеграф.рс.
Во следното видео можете да погледнете еден начин на кроење на розите и што сѐ е потребно за тоа.
