Климата од каде што доаѓа јапонското јаболко и условите во кои инаку расте се доста поинакви од нашите, но сепак јапонското јаболко успеав и на нашето поднебје.
Јапонското јаболко или каки кое многумина го нарекуваат и златно, односно источно јаболко, во Кина почнало да се одгледува пред отприлика 2000 години и таму денес е национално овошје. Со текот на времето се проширило во Јапонија, Кореја, Турција и во 19 век стигнала до Европа – Шпанија и Италија.
Јапонското јаболко сака сонце, а добро поднесува и ниски температури (до -18 степени).
Може да се сади во пролет и во есен. Местото на кое се сади треба да биде сончево, за во текот на годината јапонското јаболко да добие што повеќе светлина и сонце.
Се копа дупка длабока околу половина метар, а потоа се сместува коренот во неа, при што калеменото место треба да биде над површината. Коренот се посипува со земја и над него се става арско ѓубриво и околу 500 гр NPK 7:20:30. Се залева обилно со вода. После тоа редовно се ѓубри со арско и минерално ѓубриво.
За да има цврста потпора, потпрете ја садницата на јаболкото дополнително со стап. Потребни се две до три години по садењето стеблото, чија крошна создава пирамидална форма и има виткани листови, да роди плод.
Освен што има убав плод со убава портокалова боја, јапонското јаболко содржи и состојки корисни за здравјето – витамин А, железо, калиум и калциум и е богато со влакна.
