Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Вие сте идните земјоделски и шумарски инженери, идните ветеринари, кои ќе ја имаат клучната улога во развојот на земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Вие сте идните земјоделски и шумарски инженери, идните ветеринари, кои ќе ја имаат клучната улога во развојот на земјоделството
Агровести

Николовски: Вие сте идните земјоделски и шумарски инженери, идните ветеринари, кои ќе ја имаат клучната улога во развојот на земјоделството

Објавено 17/11/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска учестуваа на академскиот час во организација на Факултетот за Земјоделски науки и храна, по повод 17-ноември, Меѓународниот ден на студентите.

Министерот Николовски, честитајќи го Меѓународниот ден на студентите, пред нив упати порака да бидат посветени на науката, гласни и критични студенти, бидејќи само така можете да помогнете нашата држава да чекори напред и успешно да се развива.

МЗШВ доделува 30 стипендии по 18.000 денари за студенти на студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството

„За мене токму овие три факултети имаат најголемо значење и придонес во државата, бидејќи создавааат нови генерации млади и стручни академски граѓани, кои со своето знаење треба да помогнат во развој на земјоделскиот сектор, зачувување на шумите, заштита и нега на сточниот фонд во државата и заштита на јавното здравје на граѓаните. Развојот на земјоделството како стопанска гранка почнува токму од тука, од образовните институции. Вие сте идните земјоделски и шумарски инженери, идните ветеринари, кои ќе ја имаат клучната улога во тој развој. Токму затоа се гордеам со сите млади луѓе кои сте одбрале да изучувате еден од овие три факултети“ истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Уште на почетокот од оваа година започна иницијативата како да се зголеми интересот кај младите за изучување на овие струки и оттука произлезе целата идеја за воведување на стипендии наменети за студентите од трите струки земјоделската, шумарската и ветеринарната.

На иницијатива од министерот Николовски, а во соработка со министерството за образование и наука и деканите на трите факултети, Владата донесе одлука за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард, со што овозможи услови за доделување на стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на земјоделскиот, шумарскиот или ветеринарниот факултет во сите универзитети и високообразовни установи во државата, со месечна стипендија од 18.000 денари за девет месеци во годината.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има одлична соработка со трите факултети и заеднички се работат повеќе проекти, преку кои им се овозможува на студентите добра и модерна настава, но и квалитетна практична настава. Студентите директно се вклучуени во изработката на програмите и законските решенија, преку волонтирање во секторите на министерството и управите со состав на министерството. Министерството заедно со трите факултети потпиша Меморандум за реализација на практична настава и кариерно унапредување на студентите и веќе во министерството ги имаме првите 25 практиканти. Со поддршка на министерството преку програмата за рурален развој, заедно со Факултетот за ветеринарна медицина набавивме и поставивме софистицирана аналитичка лабораториска опрема за контрола на квалитетот и безбедност на храна.

Ги мотивираме и охрабруваме младите да ги изучуваат овие важни струки и со своето образование и да придонесете во развојот на нашето македонско земјоделство.

Може да ви се допадне

Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Таг:Факултет за земјоделски науки и храна
Претходен напис Мешавина од мед и сусам: Одличен извор на железо, магнезиум, калциум, манган, омега 3 и 6 масни киселини…
Следен напис (ВИДЕО) Идеално време е за кастрење на розите – Како да ја подготвите кралицата на градината за зима
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?