Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Доколку група земјоделци одлучат да формираат ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА еве што треба прво да се направи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (ВИДЕО) Доколку група земјоделци одлучат да формираат ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА еве што треба прво да се направи
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(ВИДЕО) Доколку група земјоделци одлучат да формираат ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА еве што треба прво да се направи

Објавено 28/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделска задруга може да основаат најмалку 10 земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Земјоделските стопанства ја задржуваат правната форма која ја имале пред зачленувањето во земјоделската задруга и секако, постои можност едно земјоделско стопанство да членува во повеќе земјоделски задруги.

Постапката за основање на земјоделска задруга започнува со Иницијатива за здружување на земјоделските стопанства. Откако ќе се дефинира таа основа, треба да се изготви Статут на земјоделската задруга. Потоа, со тие документи и останатите изјави за основање од страна на основачките членови, потребно е да се изврши Упис на земјоделската задруга во Централниот регистар.

Земјоделската задруга добива право на поддршка откако ќе се запише во Регистарот на земјоделски задруги во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со придружна документација: Решението за упис од Централниот регистар и статутот на земјоделската задруга. Ако земјоделската задруга ги исполнува условите, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение за упис во Регистарот во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за упис во Регистарот.

Земјоделските задруги формирани и запишани во Регистарот на земјоделски задруги согласно одредбите на Законот за земјоделски задруги имаат право на финансиска поддршка преку програмите за земјоделство и рурален развој. Поточно, финансиската поддршка се обезбедува во повеќе сегменти и тоа: поддршка за основање на земјоделски задруги, поддршка за функционирање на земјоделски задруги, како и поддршка за набавка на земјоделска механизација. Во делот со кој се поддржува основање на земјоделски задруги, предвидена е поддршка за покривање на дел од трошоците за основање на земјоделската задруга, воспоставување на админстративни и технички капацитети, помош за ангажирање на стручни лица, помош за организирање на информативни и промотивни активности и обуки на кадровскиот потенцијал и членовите на земјоделската задруга. Потоа, исплата на плата за лице управител на земјоделската задруга која согласно пропишаните услови може да остварува право на помош од овој вид, во висина од 100% во првата година, од просечната плата исплатена во Република Северна Македонија за претходната година, со намалување од 20% за секоја наредна година, во период не подолг од пет години.

Кога станува збор за финансиска поддршка за функционирање на земјоделските задруги, покрај основните субвенции, земјоделците кои се членови на земјоделски задруги добиваат дополнителни субвенции и тоа до 15% повисоки субвенции за производството кое го имаат произведено и продадено преку задругата. Понатаму, во склоп на овој сегмент од финансиската поддршка спаѓаат и 30% од трошоците за наводнување на годишно ниво, 80% од трошоците за осигурување на производните капацитети. Тоа што е најпопуларно кај земјоделските задруги е поддршката која е наменета за набавка на земјоделска механизација со која се покриваат до 90% од вкупната вредност на набавката.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на средба со земјоделците од Чешиново – Облешево
Борче Серафимовски: Резултатите ќе ги мериме според тоа што реално добива македонскиот земјоделец
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Организирани банди крадат добиток во Германија: Фармите остануваат без цели стада
Таг:земјоделски задругиземјоделцистатутстопантсва
Претходен напис Струмичките земјоделци бараат државно земјоделско земјиште за производство на храна
Следен напис Нѐ очекува променливо облачно време со услови зa слаб локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?