Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови зa слаб локален дожд, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во среда ќе се задржи суво, но, претежно облачно време. Додека, од четврток ќе дува засилен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни.
Во петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер.
