Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Делегација на шумарски експерти од Австрија го посети НП Маврово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Делегација на шумарски експерти од Австрија го посети НП Маврово
Агровести

Делегација на шумарски експерти од Австрија го посети НП Маврово

Објавено 12/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Делегација од стручњаци од областа на шумарските науки и климатски промени од Република Австрија имаше работна посета во националниот парк „Маврово“ и беа разменети искуства со предизвиците кои доаѓаат од климатските промени.

Домаќинот на средбата, директорот Харис Ибраими, искажа задоволство од интересот на австриската стручна јавност и посочи дека меѓународната размена на научни сознанија, искуства и современи практики  и дека тоа претставува значаен предуслов за унапредување и одржливо управување со природните ресурси.

– Оваа посета претставува значајно признание за природните вредности на Националниот парк Маврово, но и можност за негово посилно позиционирање во меѓународните стручни и научни кругови, вели директорот на НП Маврово, Ибраими.

Во делегацијата предводена од Кристијан Бравенц аташе на Сојузното министерство за земјоделство, шумарство, климатска и еколошка заштита, беа и Силвио Шулер и Марчела Ван Лу претставници на Федералниот истражувачки и тренинг центар за шуми, Кристоф Хартлајтнер директер на LIECO GmbH, Андреас Штајнегер и Флориан Хехенблајкнер од комората за земјоделство и шумарство на Штаерска и Симон Јансен од Универзитетот за природни ресурси и применети науки.

- Реклама -
Ad image

Гостите од Австрија посетија повеќе локации во заштитеното подрачје. Професорот од Шумарскиот факултет „Ханс Ен“, Јане Ацевски, презентираше стручни анализи, научни сознанија и релевантни податоци за актуелната состојба и динамиката на шумските екосистеми. Низ разговорите особено внимание беше посветено на влијанието на климатските промени врз шумските екосистеми, нивната отпорност и способноста за приспособување.

– Во фокусот на стручните разговори беа и промените што веќе се забележуваат во шумските заедници, предизвиците што се очекуваат во иднина, како и потребата од континуирано научно следење и примена на современи методологии за нивна заштита и одржливо управување, се наведува во информацијата од НП „Маврово“

Гостите, искажаа подготвеноста за повторна посета и продолжување на комуникацијата и дефинирање конкретни облици на идна соработка.згм/са/

Фото: НП Маврово

Може да ви се допадне

Потврден првиот случај на птичји грип сезонава во Јапонија, ќе бидат уништени 200 илјади кокошки
Управувањето со пожари на ниво на предел како потенцијална алатка за регионална соработка на Западен Балкан
Турција обезбеди пакет од 1,6 милијарди долари за финансирање на климатските политики
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
УГД ќе биде домаќин на настан за поврзување на науката и земјоделското производство
Таг:делегацијаНП Мавровошумарски експерти
Претходен напис Домашни крофни
Следен напис Потврден првиот случај на птичји грип сезонава во Јапонија, ќе бидат уништени 200 илјади кокошки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?