Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Чернобил денес – модерни земјоделски фарми никнуваат во радиоaктивната зона


За да можам да дознаам што точно се случило со земјоделството и како денес живеат земјоделците во радиoактивните зони на Украина и Белорусија, одлучив сам да ги побарам одговорите од локалните жители.

Популарната серија “Чернобил” во 2019 година го натера светот да се присети на нуклеарната катастрофа од 1986 година. Експлозијата на четвртиот реактор од нуклеарната електрана која се наоѓа на север од денешната Украина, се смета за најголемата катастрофа предизвикана од  човечко невнимание. За да дознаам што точно се случило со земјоделството и како денес живеат земјоделците во радиоактивните зони на Украина и Белорусија, одлучив сам да побарам одговори од локалните жители.

Просторот околу градот Чернобил  и поширокото подрачје околу градот Припјат, нема да бидат сигурни за живот на човекот уште 20 илјади години, вели Национална Географија (National Geographic).  Според Нуклеарната енергетска агенција(eng. Nuclear Energy Agency),  со радиоактивен материјал зафатени се околу 5 милиони и 200 илјади хектари земјоделско земјиште, на територијата од денешните Украина, Белорусија и Русија. На озрачениот простор пред катастрофата постоеле просперитетни колективни фарми. Денес на големиот слив на реката Припјат не постојат услови за производство на храна за луѓе.

Но на само четириесеттина километри северно  од некогашната нуклеарна електрана  се ноѓаат селата Бурки, Брахин, Дублин и Соболи, каде  животот на селаните продолжил и покрај изложеноста на радиоактивно зрачење. Локалното население  од споменатите села како и од стотици други села и градчиња, пред 33 години било евакуирано. После неколку години многу од нив се вратиле на своите имоти и продолжиле нормално да живеат во присуство на невидливата опасност по живот.

Чернобил пред 1986 година

Украинците и Белорусите се многу гостопримливи народи. Тоа се образовани и трудољубиви Словени. Во 20 век се сметало дека на сите Словени им е потребен водач со цврста рака, радикален став и желба за економски напредок. Политиката водена во минатиот век никако не им одела во прилог на Украинците. Белорусите помалку ги почувствуваа промашените економски одлуки  кои доаѓале од Москва. Ширум Украина , во тогаш најбогатата земјоделска советска република, се сеела смрт за руралното население. Произведената  храна присилно им се одземала за потребите на војската и на богатите.

За да обезбеди доволно храна за целиот Советски Сојуз, централната политика  започнала радикално движење за колективизација на земјоделското земјиште. Приватниот имот присилно се одземал во “корист на целото општество” Првобитната идеја  била обезбедување на храна за населението но и пресметка со тогаш побогатите селани ‘кулаци”

Триесет и три години после катастрофата, модерни земјоделски фарми се организираат непосредно во радиоактивната зона. Фармата на Оксана Каховска  оддалечена е 35 километри од затворената електрана Чернобил. Моментално Оксана организира произвотство  на бобинки  и други земјоделски култури на 850 хектари земјоделско земјиште.

Овој проект доживеал тотален колапс кај руралното население . Количините на произведена храна и онаа храна која им била достапна на лугето континуирано  се намалувале. Социјалистичкото контролирање на фармите, во сите Советски републики придонесе за недостаток на иновации, знаење и недостаток од потребната инфраструктура. Борбата за голо преживување продолжила и тоа во тогаш најбогатата земјоделска држава во Европа.  Во втората половина од  20. век , со воведување на модерните западни технологии “зелената револуција” придонесува да се зголемат земјоделските посеви и Украина станува  “Breadbasket“  за Европа и Советската Унија. Што значи дека Украина би можела да го прехрани  тогашното Европско население , односно европскиот дел од Советската Унија. Контролираната пропаганда на Советите , го  прзентирала успешното колективно земјоделско произодство како краен резултат од правилно спроведените аграрни реформи.

 Но вистината била поинаква. Во разговор со украинците  дознав дека веќе тогаш имало силна желба за одцепување на Украина од Русија. “На светот му се прзентираше  цветање и успешност на спроведувањето на социјализмот, а ние со наведнати глави молчевме и работевме за трошки”, вели Иван Мотуз еден од соговорниците. Кога се зборува за седумдесеттите и првата половина од осумдестеттите години од минатиот век голем број од соговорниците беа поделени. Многу од нив велат дека тоа бил единствениот просперитетен период на Унијата.

Светот свртен наопаку

Први мај 1986,  празник на трудот кој го промени светот засекогаш. Според денес достапните информации причина за експлозијата на четвртиот реактор на Чернобилската електрана било тестирање на реакторот  во ноќта на 26 април 1986 година  под водство на неискусен нуклеарен инженер. Во прилог на наведеното денес постојат докази дека советското нуклеарно инженерство  потфрлило при самата изработка  на нуклеарната електрана. Многумина сметаат дека токму чернобилската катастрофа била почеток на распадот на Советскиот Сојуз. Од тој настан па наваму  се тргнало наопаку за тогашните политички челници. Неколку години подоцна се случи распадот,  на втората најмоќна држава на светот, во тоа време.

Володимир Зиветски, од малото село Бурки, раскажува за своето искуство. Тој во тоа време бил вработен во околниот колектив. ”Како и секоја година до тогаш тоа беше период на сеидба . Механизацијата непрестано работеше на полињата  на колективот  затоа што ние со гордост сеевме нов живот. Тогаш бевме многу горди на нашите општествени компании. Тоа државата го направила. Колективот  беше место каде што можевме да ги видиме плодовите од својата работа. Во тоа време телекомуникационата инфраструктура беше многу неразвиена во руралните места. Ние не знаевме што се случува. Некаде во почетокот на мај добивме наредба за евакуација од нашите куќи. Секако имаше отпор. Не знаевме зошто, никој не ни даваше одговори. Бевме присилени. Имотите, засеаните полиња, добитокот, се остана зад нас.”  Низ солзи раскажуваше Володимир. 

Имаме примери за семејства кои пружиле отпор при евакуацијата и останале да работат и да живеат во радиоактивната зона. Тие луѓе преживеале од храната која ја произведувале на радиоактивната земја. Од нивните примери гледаме дека нема никакви последици, вели Алексиј Торакси.

Недалеку од селото Бурки , се наоѓа нешто поголема населба Брахин. Наоколу сите села се пусти. Единствени жители се понекоја старица и  диви животни. Соговорниците од местото Брахин велат дека цел свет им се превртел наопаку. „Местата од пограничното подрачје со Украина денес не постојат. Порано таму имаше живот, растеа деца, а денес нема никој “ зборуваат мештаните на Брахин. Лугето беа однесени во подалечни места, а земјата остана напуштена. Брахин е место сместено непосредно до радиоактивната зона на резерватот Палиески во Белорусија. Таму животот се врати. Училиштата, продавниците и амбулантите денес нормално работат. Воглавно тука живеат луѓе кои несакале да се одселат односно тие кои се вратиле после некое време. 

Храна од радиоактивна зона

Триесет и три години после катастрофата модерни земјоделски фарми никнуваат непосредно до радиоактивната зона. Фармата на Оксана Каховска оддалечена е 35 километри од затворената електрана Чернобил. Моментално Оксана организира производство  на бобинки  и други земјоделски култури на 850 хектари земјоделско земјиште.  Оксана пред четири години го превзела пропаднатиот колектив кој бил затворен 1986 година. Со помош на шведски инвеститори , Оксана започнала многу интересна деловна приказна.

“Ние овде произведуваме висококвалитетна храна за животни и за луѓе. Се обидуваме да му помогнеме на населението кое останало да живее и ги одржува овие предели. Нашата фарма обезбедува вработување, а истовремено го зголемуваме произвотството  на површините кои се во сопственост на селските домаќинства. Од оваа година започнавме со откуп на мед. Многумина својата прилика ја гледаат токму во пчеларството “ наведува Оксана.

Но, колку храната од тоа подрачје е безбедна за здравјето на луѓето?  Aлексиј Тораски од Киев е независен инспектор за храна кој веќе подолг временски период работи на влијанието на радијацијата на здравјето на луѓето. До неодамна делови од Белорусија и Украина имале строга забрана за пласирање на земјоделските производи на пазарот. Благодарение на истражувањата и строгата контрола се дошло до заклучок дека храната произведена во некои делови од радиоактивната зона е сигурна за конзумирање.

“Имаме примери на семејства кои пружиле отпор при евакуацијата и останале да работат и да живеат во радиоактивната зона. Тие луѓе преживеале од храната која ја произведувале на радиоактивна земја. Од нивните примери гледаме дека нема никакви последици “,  зборува Алексиј Тораски. 

Најголем проблем се шумските плодови

 Според достапните информации кои ги пренесува “Reuters”, поинтензивно враќање во радиоактивните зони  и производство на храна започнало во 2014 година. Една од причините за враќање на населението во тие подрачја е неможноста за финансирање на евакуираните луѓе во големите градови. Со враќањето во селата каде што живееле пред 1986 година  им се отвориле нови можности. Една од нив е токму земјоделството.

После 33 години од катастрофата  животот се враќа во зафатените делови на Украина и Белорусија.

Алексиј додава дека, доколку  горниот слој од вегетацијата,  кој бил погоден од радијацијата се сврти надолу,  влијанието на радиактивноста  на новата  вегетација  е минимална. Најголем проблем се шумските плодови, како печурките. Тоа никако не го препорачувале за конзумација. Во Белорусија , а делимично и во Украина и во Русија постојат построги контоли на храната од радијација во споредба со Европската Унија.

Конзумацијата на месо , млеко, мед и житарици во некои подрачја зафатени од радиоактивноста  е забранета , а во поголемиот дел не е . Локалното население  произведува храна која ја конзумира и тие тука не гледаат никаков проблем. Се поставува прашањето дали  храната после 33 години е здрава за конзумирање или едноставно дошло до недостиг на пари за финансирање на понатамошните истражувања?!

Репортажа на Владимир Милош за Агроклуб.рс

Ное 3, 2019agrotim2
Важно за производителите што имаат земја под концесија: Најдоцна до 31 декември да достават извештај за начинот на користење на земјатаШто треба да направите за да бидете корисник на земјоделски субвенции

Напишете коментар Откажи одговор

03/11/2019 Магазинздрава храна, земја, произвотство на храна, радиоактивност, Чернобил1,781

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019