Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Успешен „Инвеститорски ден“ на Македонска берза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Успешен „Инвеститорски ден“ на Македонска берза
Агровести

Успешен „Инвеститорски ден“ на Македонска берза

Објавено 14/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Седма година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра.

На денешниот „Инвеститорски ден“ на Берзата се склучија вкупно 335 нормални трансакции, што претставува најголем број склучени трансакции во еден ден во 2026 година. Споредбено, просечниот број на склучени трансакации со акции во 2026 година изнесува 66 трансакции.  Дополнително, денес во БЕСТ системот на Берзата се внесени вкупно 497 налози за тргувањe, што претставува повторно најголем број на внесени налози во берзанскиот систем за тргување во текот на оваа година.

Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции денес надмина 670 илјади евра, односно изнесува околу 41 милиони денари.  

Иницијативата „Инвеститорскиот ден“ ја прифатија и во неа активно се вклучија сите единаесет членки на Берзата (Еурохаус, Илирика Инвестментс, Иново Брокер, Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер, Шпаркасе Банка Скопје и Халк Банка Скопје) и Централниот депозитар за хартии од вредност, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност

ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНСКИ АКЦИИ!

Македонска берза 

Може да ви се допадне

Од полноќ нови цени на горивата
(ВИДЕО) Дали АХВ ги испита пиперките пред извоз? Ако се со пестициди, а не се контролираат тие завршуваат на нашиот пазар?!
Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, го штитиме стандардот на граѓаните
Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година
Вториот протест на градинарите со блокада на патот Прилеп – Битола
Таг:Инвеститорски денМакедонска берзаУспешен
Претходен напис Од полноќ нови цени на горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?