Почнувајќи од 20 април, па се до 20 мај трае рокот за аплицирање за користење на средствата наменети за набавка на трактори – Мерка 121.4, предвидени со програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.
Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој, кои во претходните пет години не биле корисници на финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата и преку Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за оваа мерка изнесува 3.500.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
1.Понуда/про фактура со потпис и печат оригинал, при увоз на стока странската понуда да биде проследена со превод од овластен судски преведувач (задолжителен документ).
2.Деловен план изготвен согласно примерот за изготвување на деловен план (задолжителен документ),
3.Изјава за користење на средства по претходно објавени повици за набавка на трактори за претходните 5 години од ИПАРД Програмата и Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година (оригинал, своерачно потпишана од страна на барателот и заверена на нотар (задолжителен документ)
4. Решение за тековна состојба за упис во ЕРЗС со пријавени производствени капацитети (задолжителен документ)
Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:
– Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура и
– Минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено и
– Минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун. Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 20.05.2022 година.
Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
Напишете коментар