Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бела јагода – „Белиот скапоцен камен“ се продава и за 20 долари парче
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Бела јагода – „Белиот скапоцен камен“ се продава и за 20 долари парче
Магазин

Бела јагода – „Белиот скапоцен камен“ се продава и за 20 долари парче

Објавено 25/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Додека на нашиот пазар доаѓаат првите домашни, црвени, сочни јагоди, деновиве можеме да прочитаме и за јапонските бели јагоди кои се продаваат од 10 до 20 долари по парче или во помали пакувања за 40 долари.

Тие се дел од таканареченото луксузно овошје во Јапонија, пишува indie88. Бели се одвнатре и однадвор. Се одгледуваат за да бидат поголеми, помеки и послатки од просечните јагоди. Има неколку видови, но најпосебен е White Jewel (Бел скапоцен камен), познат и како Shiroi Houseki.

Нивниот творец е Јасухито Тешима кој со години го вкрстува ова овошје за да ги добие посакуваните, бели јагоди.

Одгледувачите како Тешима ја намалуваат сончевата светлина кога растат јагодите, што го намалува нивото на антоцијани, пигмент кој им дава боја на овошјето и зеленчукот.

No photo description available.
Фото/Facebook

И покрај десетгодишното експериментирање и истражување, само околу 10 отсто од посевите се навистина целосно бели, додека останатите имаат црвени или розови делови.

Оние кои ги пробале, велат дека се навистина многу вкусни. Вкусот наводно се споредува со свеж ананас, а по неколку секунди е помалку „тропски“ и повеќе потсетува на бонбони.

Освен што е многу вложено во истражувањето на нивното одгледување и што приносот е многу низок, производителите цената ја оправдуваат со високите трошоци за енергија и потребното време.

Треба да се напомене дека White Jewel не е исто што и ананас-јагодите (Pineberry) кои се многу помали и имаат розови семиња.

Фото/Facebook

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:бела јагода
Претходен напис Во Кичевско годинава мразот ги одмина овошките
Следен напис Услови и потребна документација за набавка на ТРАКТОРИ – аплицирањето е во тек!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?