Во тек е Јавен оглас за доделување на финансиска поддршка за мерка 115 Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство.
Максимална кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник е до 360.000,00 денари по поединечен корисник.
Право на користење на средства имаат:
- Субјекти Земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.
Средствата се наменети за инвестиции во набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и инвестиции во набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.
Набавка на опрема за постбербени активности, преработки на фарма и директен маркетинг на фарма:
– Овошје и зеленчук вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти растенија;
– Житарици, мелнички производи и производи од скроб;
– Растителни и животински масла и масти;
– Шира од грозје, сок од грозје, вино и оцет, маџун и др;
– Месо и месни производи;
– Млеко и млечни производи; (вклучувајќи јајца и живина)
• Опрема за прием, собирање и чување.
• Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, сортирање, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали.
• Опрема за пред-ладење, ладење и замрзнување.
- Опрема за сечење, мелење и останата опрема за подготовка пред преработка.
- Опрема за филтрација, де-аерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација.
- Резервоари, танкови.
- Опрема за конзервирање, сушење, десикација, замрзнување.
- Опрема за полнење, флаширање, пакување и означување/етикетирање.
- Зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за отстранување на внатрешни органи.
- Опрема за сечење и откостување.
- Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот.
- Опрема за следење на квалитетот, контрола системи со следливост на прием на производ, складирање и дистрибуција.
- Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање.
- CIP опрема (“clean in place”).
- Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните, како што се обезбедување на редовен пристап до свежа вода, храна, сместување на животните пред колење
- Оперативни трошоци за маркетинг на преработки од примарни земјоделски производи.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
1.Понуда со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка (задолжителен документ)
2. Деловен план изготвен согласно примерот за изготвување на деловен план (задолжителен документ),
3. Решение/тековна состојба за упис во ЕРЗС, (задолжителен документ),
4.Годишна даночна пријава (задолжителен документ),
5.Потврда од Министерство за труд и социјална политика за социјален статус-самохран родител (дополнителен документ)
6.Потврда од Фонд за пензиско и инвалидско осигурување за лица регистрирани како индивидуални земјоделци согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување или Решение за лица кои се регистрирани како индивидуален земјоделец согласно Законот за вршење на земјоделска дејност (дополнителен документ),
7. Потврда за член на здружение или земјоделска задруга или на локална акциона група (дополнителен документ)
Крајниот рок за доставување на барањата е 20.05.2022 година.
