Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За сите потенцијални корисници на ИПАРД фондовите: Упатство за постапка за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > За сите потенцијални корисници на ИПАРД фондовите: Упатство за постапка за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина
Јавни огласи и повици

За сите потенцијални корисници на ИПАРД фондовите: Упатство за постапка за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина

Објавено 30/04/2021
Сподели
12 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Телото за Управување со ИПАРД фондовите при Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, во координација и соработка со Управата за животна средина при Министертвото за животна средина и просторно планирање, подготви и издаде “Упатство за постапка за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина” во насока на иформирање на потенцијалните корисници на ИПАРД Програмата за постапката за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина.

Имено, во Упатството детално се прикажува постапката за издавање на еден од следниве документи со кои се оценува исполнување на стандардите за заштита на животната средина, и тоа:

  • Елаборат за заштита на животната средина;
  • Студија за оценка на влијанието врз животната средина;
  • А интегрирана еколошка дозвола;
  • Б интегрирана еколошка дозвола.

Во Упатството за постапка за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина детално е прикажана постапката за издавање на документите, надлежни институции, потребни документи кои се поднесуват, временска рамка на издавење, како и обрасци на документите кои се издаваат со кои се потврдува исполнување на законските одредби за заштита на животната средина.

  1. Постапка на поднесување на Барање за издавање на Решение за
    одобрување на елаборат за заштита на животната средина (Министерство за животна средин и просторно планирање -МЖСПП или надлежната Единица на локална самоуправа – ЕЛС)

    Барање за издавање на Решение за одобрување на Елаборат за заштита на животната средина се поднесува доколку барателот планира инвестиции (проекти) согласно со Уредбата за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува Елаборат, а
    за чие одобрување е надлежен органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/12) и Уредбатаза дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие
    одобрување е надлежен градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општините во градот Скопје („Службен весник на
    Република Македонија“ бр. 32/12).
    Доколку планираната инвестиција/проект по ИПАРД Програмата соодветствува на дејностите за кои е потребно изработка на Елаборат за заштита на животната средина надлежна институција е (МЖСПП или надлежната ЕЛС).
    Со цел добивање на Решение за одобрен елаборат за заштита на животната средина, барателот пред Сектор за животна средина, Управа за животна средина при МЖСПП или ЕЛС каде е лоцирана или се планира инвестицијата ги поднесува следниве документи:
  • Барање
    Напомена: Унифициран образец на Барање за одобрување на Елаборат за заштита на
    животната средина, не постои.
  • Изработен Елаборат во печатена верзија – (3) три оригинали;
  • Изработен Елаборат во електронска верзија.
    (Изготвен согласно Правилник за елаборати („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/13).
    Напомена: Потребната документација се доставува во оригинал.

Сектор за животна средина, Управа за животна средина при МЖСПП или надлежната Единица на локална самоуправа по приемот на Барањето со потребната документација
во рок од 15 дена одлучува по однос на поднесеното барање и издава еден од долунаведените документи:
-Решение за одобрување на Елаборат за заштита на животната средина или
-Решение за одобрување на Студија за оцена на влијанието врз животната средина
-Известување/Мислење дека за тој вид на инвестициja/проект не е потребно изготвување на Елаборат за заштита на животна средина
Напомена: Доколку барателот не достави комлетна документација, надлежниот орган го информира барателот за потребата од докомплетирање на документацијата, и во тој случај постапката продолжува за дополнителни 15 дена.

  1. Постапка на поднесување на Барање (Известување за намера) согласно Правилникот за информациите што треба да ги содржи известувањето за намера за изведување на проектот и постапката за утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 33/06) за издавање на Решение за одобрување на Студија за оцена на влијанието врз животната средина

Барање (Известување за намера) согласно Правилникот за информациите што треба да ги содржи известувањето за намера за изведување на проектот и постапката за утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 33/06) за издавање на Решение за одобрување на Студија за оцена на влијанието врз животната средина се поднесува доколку барателот планира инвестиции (проекти) согласно со Уредбата за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои се утврдува потребата
за спроведување на постапката за оцена на влијанијата врз животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 74/05, 109/09 и 202/16).

Со цел добивање на Решение за одобрување на Студија за оцена на влијанието врз животната средина, барателот преку архива (писарница) до Сектор за животна средина, Управа за животна средина при МЖСПП ги доставува следниве документи:

-Известување за намерата за спроведување на проектот / инвестицијата, согласно Правилникот за информациите што треба да ги содржи известувањето за намера за изведување на проектот и постапката за утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 33/06)
– Барање за утврдување на обемот на студијата за Оценка на влијание врз животната средина – ОВЖС.

-Во рок од 5 дена од комплетирањето на барањето, се врши објава на барањето во најмалку еден дневен весник достапен на цела територија на РепубликаСеверна Македонија;
– Во рок од 30 дена од објавување на барањето за ОВЖС, јавноста може да ги достави своите мислења и ставови;
-На барање на јавноста, инвеститорот е должен да организира јавна расправа;
– Во рок од 30 дена МЖСПП издава Решение за спроведување на постапка за
потреба од оценака на влијанието врз животната средина (ОВЖС);
– Согласно добиеното Решение, Инвеститорот подготвува Студијата за оценка на влијание врз животната средина и ја доставува до МЖСПП.
– Доклку се оцени дека Студијата за оцена на влијанието врз животната средина е соодветна, во рок од 40 дена МЖСПП издава Решение за одобрување на студијата.

  1. Постапка на поднесување на Барање за издавање на А Интегрирана еколошка дозвола – А-ИЕД пред Сектор за Интегрирано спречување и контрола на загадување, Управа за животна средина при МЖСПП

Доколку планираната инвестиција/проект по ИПАРД Програмата соодветствува на дејностите за кои е потребна А Интегрирана еколошка дозвола, дефинирани со Уредбата за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола, односно дозвола за усогласување со оперативен план („Службен весник на Република Македонија“ 89/05), надлежна институција е Сектор за интегрирано спречување и контрола на загадување, Управа за животна средина при МЖСПП.

Со цел добивање на Решение за одобрена А Интегрирана еколошка дозвола, барателот до Сектор за интегрирано спречување и контрола на загадување, Управа за животна средина при МЖСПП, преку (писарница/архива) на МЖСПП каде е лоцирана или се
планира инвестицијата, ги поднесува следниве документи:

  • Барање( образец) за добивање на А Интегрирана еколошка дозовла (А-ИЕД)

Напомена: Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животна средина донесе заклучок за дополнување на барањето, рокот потребен за издавање на А-ИЕД започнува да тече од денот на прием на дополнетото барање со податоците наведен во заклучокот (рокот за достава на дополнување по заклучокот не смее да биде пократок од 15 дена).

-Во рок од 7 дена од комплетирањето на барањето, се врши објава на барањето во најмалку еден дневен весник достапен на цела територија на Република Северна Македонија;
-Во рок од 30 дена од објавување на барањето за А-ИЕД , јавноста може да ги достави своите мислења и ставови;
– На барање на јавноста, инвеститорот е должен да организира јавна расправа;
– Министерство за животна средина и просторно планирање во рок од 60 дена од истекот на крајниот рок во кој можат да се доставуваат мислења по барањето издава А-ИЕД, одлучува по однос на доставеното Барање за добивање на А Интегрирана еколошка дозовла (А-ИЕД).

  1. Постапка на поднесување на Барање за издавање на Б Интегрирана еколошка дозвола (Б-ИЕД)

Доколку планираната инвестиција/проект по ИПАРД Програмата соодветствува на дејностите за кои е потребно Б Интегрирана еколошка дозвола дефинирани со Уредбата за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола, односно дозвола за усогласување со оперативен план („Службен весник на Република Македонија“ бр. 89/05), надлежна институција е градоначалникот на општината или градоначалникот на градот Скопје, додека доколку
е во заштитено подрачје надлежен е Сектор за интегрирано спречување и контрола на загадување, Управа за животна средина при МЖСПП.

Со цел добивање на Решение за одобрена Б Интегрирана еколошка дозвола, барателот до градоначалникот на општината или градоначалникот на градот Скопје и доколку е во заштитено подрачје до Сектор за интегрирано спречување и контрола на загадување,
Управа за животна средина при МЖСПП, преку (писарница/архива) ги поднесува следниве документи:

– Барање (образец) за добивање на Б Интегрирана еколошка дозвола (Б-ИЕД)

Напомена: Потребната документација се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.

  • Доколку во барањето недостасуваат податоци, информации надлежниот орган
    може да побара со заклучок дополнување на барањето,
  • Во рок од 7 дена од комплетирањето на барањето, се врши објава на барањето во најмалку еден дневен весник достапен на цела територија на Република Северна Македонија,
  • Во рок од 30 дена од објавување на барањето за Б-ИЕД, јавноста може да ги достави своите мислења и ставови,
  • МЖСПП во рок од 30 дена од истекот на крајниот рок во кој можат да се доставуваат мислења по барањето издава Б-ИЕД, одлучува по однос на доставеното Барање за добивање на Б Интегрирана еколошка дозовла (Б-ИЕД).


Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:документиживотната срединаИпард
Претходен напис Откриена мистеријата на украсените јајца од ној
Следен напис (ВИДЕО) Најдобар начин на размножување на капини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?