Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Тутунарите задоволни од просечната откупна цена на тутунот


Откупот на тутунот започна официјално од вчера и според првичните информации тутунопроизводителите се задоволни од постигнатата цена. На откупниот пункт во Тутунскиот комбинат во Прилеп вчера беа лично премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски кои објавија дека цената на тутунот годинава е зголемена за 30 % и изнесува 261 денар за килограм тутун.

Тутунарот Стеван Вељаноски од Прилеп вели дека е задоволен од просечната цена по која се откупува тутунот.

„Прилично сум задоволен од просечната откупна цена на тутунот, задоволен сум и од квалитетот на мојот тутун, па очекувам да постигнам добра цена“, изјави тој.

Кате од Канатларци ни раскажа дека за разлика од минатата година, годинава линијата е поопуштена и се подготвува неделава да го однесе својот тутун. Таа е задоволна од цената и вели дека ако имаш квалитетен тутун сигурно ќе постигнеш и добра цена и ќе ти биде платен како што треба. Очекува прва класа тутун да оди над 300 денари за килограм.

-Со тутун се занимавам повеќе од 48 години. Заедно со сопругот само тоа го работиме и произведуваме квалитетен тутун, вели Кате.

Таа е задоволна од односот на Владата кон тутунопроизводителите и се надева дека годинава откупувачите ќе го откупат целиот тутун и ќе ги нема минатогодишните сценарија со неоткупувањето на вишокот на тутун.

Откупот на тутунот годинава се врши по цена од 261 денар за килограм тутун. Согласно податоците од Државниот инспекторат за земјоделство цената е зголемена за 30 %.

Пораст има и во делот на склучени договори за откуп и планирани количини за откуп на тутун. За реколта 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7% повеќе од минатата година кога биле склучени 27.712 договори.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, вчера изјавија дека годинава имаме тутун со подобар квалитет во однос на минатата година.

„Тутунот е наша традиционална но и извозно ориентирана земјоделска гранка која носи годишен девизен прилив од над 120 милиони евра. Околу 20.000 семејства егзистираат од оваа гранка, и затоа секоја преземена мерка е во интерес на тутунопроизводителите, да имаат стабилно и одржливо производство“, изјави премиерот Ковачевски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски нагласи дека откупот на тутунот тече во најдобар ред.

„Склучени се вкупно 29.653 договори за производство на тутун, што е за 7% повеќе од лани. Зголемување имаме и на површините за тутун за 15% споредбено со лани. Оваа година за прв пат се доделени договори на 29 корисници за набавка на модерна опрема за тутун, преку Програмата за рурален развој, Подмерка 121.7 „Набавка на опрема за производство на тутун“, со финансиска поддршка по корисник која изнесува 4,5 милиони денари. Ова е уште еден податок за нашиот сериозен пристап кон производството на тутун, имаме за прв пат реализација на подмерката насочена токму кон тутунопроизводителите“, рече министерот Николовски.

За прв пат оваа Влада донесе нов модел за зголемени субвенции за тутунот според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Со тоа ги мотивиравме тутунарите да произведат повеќе и поквалитетен тутун, за да остварат повисока субвенција.

За потсетување, минатата година, се откупи тутунот и се откупи и целокупниот вишок, а преку субвенциите и ковид пакетот на тутунарите им се исплатија 2 милијарди денари. Според Сојузот на земјоделски здруженија, просечната цена во 2021 година беше 194 денари за килограм.

Ное 29, 2022agrotim3
Николовски-Паолучи - Проект за модернизација на земјоделството финансиран од Светка банкаЈапонската скимија не бара многу грижа, а секој простор ќе го направи визуелно поинтересен - Внесете дел од Ориентот во екстериерот на вашиот дом

Напишете коментар Откажи одговор

29/11/2022 Пазари261, тутун, цена900

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019