Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска заедно со директорот на АД Водостопанство, Филип Филиповски ја посетија општина Чешиново-Облешево, каде што извршија увид како тече процесот на чистење на каналската мрежа како и нивната функционалност.

Навремено се расчистува згуснатата вегетација и наталожената тиња по каналите се со цел непречен проток на вода за наводнување кога таа ќе биде најпотребна за земјоделците.
Хидролошката состојба се подобрува, оризопроизводителите навремено ќе имаат вода за наводнување на нивните посеви.

Се подготвуваме за претстојната сезона на сеидба на ориз.
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски
