Основа на секој печуркарник е чиста и затворена просторија на која може да се изведе вентилација за влез и излез со пропишан капацитет, климатизација и овлажување.
За просторија 4×4 ви е потребно:
-Два аспиратора со малку поголем капацитет кој одговара на просторијата. Ова зависи и од висината.
-Клима 3.5KW за регулирање на температурниот режим. Ваква клима можете да користите во просторија од 32 метри квадратни.
-Овлажувач на воздухот за регулирање на влагата.
-Сталажи кои можат да бидат комбинација дрво метал. Сталажите се покрај ѕидовите. Димензијата на сталажите ја диктира просторот. Во секој случај длабочината би требала да биде најмалку 50 см. И растојанието помеѓу етажите 50 см.
-Светлина регулирана на тајмер. Светлината треба да биде бела. Може лед сијалица.
Вака регулиран печуркарник има капацитет од 250 вреќи.
Производството може да се организира на неделно ниво со внесување 65 вреќи неделно. Тоа би значело дека можете да сметате на 100 килограми печурки неделно.
Доколку работите без неделен ритам, 28. ден по внесувањето на компостот ќе треба да соберете од 330 до 380 килограми печурки, а тоа секако зависи и од тоа како сте работеле.
Сите параметри се земени врз основа на искуство на Oдгледувачи на печурки.

Благотворното дејство на буковката први го откриле Кинезите, каде денес најчесто се користи сушена или во прав, а Европејците почнале да ја употребуваат кон крајот на минатиот век. Најновите истражувања покажале дека освен што е јадлива, буковката посебно благотворно делува на човековиот организам. Буковката е габа која расте на дрвјата и од дрвјата извлекува многу здрави и хранливи материи кои и се потребни за раст и развој, а тие супстанци поволно влијаат и на човековиот организам.
Општи информации
Благотворното дејство на буковката први го откриле Кинезите, каде денес најчесто се користи сушена или во прав, а Европјаните почнале да ја употребуваат кон крајот на минатиот век. Најновите истражувања покажале дека освен тоа што е јадлива, буковката посебно благотворно делува на човековиот организам.
Буковката го активира имунитетот на нашето тело и така го штити од многу вируси, инфекции и болести. Така во некои земји станала незаменлива во превентивната заштита на човековото здравје.
Во својот состав буковката има низа витамини:B, D, C, K, протеини, минерали – јод, селен, натриум, калиум, цинк, фосфор, железо. Покрај тоа содржи и хлорофил кој ја забрзува регенерацијата на клетките, а има и растителни влакна кои ги врзуваат и исфрлуваат од организмот штетните материи.
Буковката влијае на намалување на холестеролот и шеќерот во крвта. Помага кај проблеми со зглобови, егземи, алергии, астма, оштетен црн дроб…..
Покрај тоа содржи и глуканполисахарид кој е важен во потиснување и запирање на растот на туморскитe клетки. За да има лековит ефект потребно е да се користи секојдневно.
Буковката ја нарекуваат ЕЛИКСИР НА ВЕЧНИОТ ЖИВОТ И ЗДРАВЈЕ. Во сите тестирања изминатите години не се откриени никакви негативни влијанија на човековиот организам.

Технологија
Оваа габа може да се произведува на слама од житарки, кочани пченка, струготини, како и стебла на листопадните дрвја. Најдобро е да се одгледува на супстрат од исецкана чиста пченична слама, или со додаток на 10% ливадско сено или нарежени кочани пченка. Сламата се сецка на 4 – 5 см, се стерилизира со прелевање на врела вода, добро се покрива и се остава 24 часа да се олади. Припремена и оладена сламата пред да се внесе во пластични вреќи треба да се измеша со мицелиум. Потребно е 3 – 4 литра мицелиум на 100 кг влажен припремен супстрат. Може во вреќите да се става слама во слоеви (20 – 25 см) и да се додава мицелиум по децилитар. При полнење на вреќите сламата добро се набива, вреќата се врзува на врвот и потоа се носи на инкубација. Врзаниот дел на вреќата се поставува доле, а дното горе. Вреќата се дупчи поради продирање на воздух и испарување на непотребната вода. Мицелиумот добро ќе порасне во темнина, на температура од 20 – 25 ‘C и при влажност на воздухот 80 – 90%.
Прораснувањето на мицелиумот трае 15 – 20 дена. Потоа вреќите се пренесуваат во просторија со дневна светлина, се сечат (освен долниот дел) и се ставаат во редови оддалечени околу 40 см. За раст на плодоносните тела буковката бара осветлување, но не директно изложување на сонце.
Во зависност од сојот, буковката може да расте на температура од 5 – 15’C или 18 – 28’C. Во текот на производството се одржува умерена влажност со површинско влажнење на супстратот (но не и на габата). Ако нема доволно осветлување, дополнително се осветлува со ултравиолетови светилки ( 12 часа осветлување и 12 часа мрак).
Буковката треба да се бере додека е млада и мека. Плодот расте во бранови во период од 10 – 14 дена. Најмногу плод има во првиот и вториот бран. Вкупниот принос е околу 20% од тежината на супстратот.
Оваа габа може да се произведува и на трупци од топола, бреза, јова и костен, но и на трупци на листопадни дрвја – бука и даб.