Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ и годинава дел од кампањата на EFSA „Safe2eat“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ и годинава дел од кампањата на EFSA „Safe2eat“
Агровести

АХВ и годинава дел од кампањата на EFSA „Safe2eat“

Објавено 02/04/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) повторно е дел од кампања „Safe2Eat“ насочена кон зголемување на довербата на потрошувачите за безбедноста на храната во Европската Унија и кај нас. Агенцијата во оваа кампања акцент ќе стави на темите кои се однесуваат на додатоците во исхраната, безбедното ракување со храна, здравствените тврдења и влијанието на храната врз здравјето на граѓаните.

Како што информира АХВ, во петтата година од реализацијата на кампањата Агенцијата за безбедност на храната на Европската унија (EFSA) настојува на потрошувачите да им обезбеди јасни, научно поддржани факти за безбедноста на храната и совети со цел да им помогне да прават избор на храна како информирани потрошувачи. Годинава во кампањата „Safe2Eat 2025“ учествуваат 23 земји (Албанија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Луксембург, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Романија, Словачка, Шпанија и Турција).

Активностите поврзани со темите кои ги одбра АХВ во рамки на оваа кампања на EFSA, како што се наведува, ќе се реализираат во соработка со операторите, науката, стопанските и независната Лекарска комора и со претставници од невладиниот сектор. Во соработка со граѓаните како потрошувачи, согласно Акцискиот план на кампањата, ќе бидат направени неколку јавни анкети поврзани со прашањата кои се однесуваат на додатоците во исхраната, здравствените тврдења, безбедното и правилно ракување со храната и за влијанието на храната врз здравјето на потрошувачите. Резултатите од анкетите АХВ ќе ги сподели со македонските граѓани и со Европската агенција за безбедност на храната ( EFSA) за понатамошна евалуација.

– Како еден од најригорозните системи за безбедност на храна на глобално ниво, европскиот, поддржан од најсовремената наука, вклучува тесна соработка меѓу Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и националните власти за безбедност на храната низ Европа, вклучително и со Северна Македонија, при што, сите имаат клучна улога. Врвни научници од Европа прават проценка на безбедноста и хранливата вредност на храната и даваат совети, тесно соработувајќи со национални и меѓународни партнери, произведители, организации на потрошувачи и групи од граѓанското општество. Заедно, тие ја комбинираат експертизата на ЕУ и националната, обезбедувајќи примена на најновите докази и пристапи со цел обезбедување на безбедност на храната за европските и за македонските граѓани, стои во соопштението.

Мината година според оценките на EFSA, кампањата „Safe2Eat“ достигнала рекордни нивоа на влијание допирајќи до 45 проценти од целната публика низ Европа, односно до повеќе од 50 милиони Европејци.

– Годинашнава кампања, изградена на постигнувањата на ланската, има за цел да го продлабочи своето влијание преку проширување на нејзината реализација вклучувајќи пет нови земји учеснички, да ги реши клучните грижи на потрошувачите за безбедноста на храната како што се улогата на науката за обезбедување безбедна храна, ставајќи акцент и на важноста на јасното означување на храната и придобивките од намалувањето на отпадот од храна. Зголемена ќе биде и достапноста на информациите за безбедноста на храна со нови, лесно разбирливи содржини, прилагодени на различни демографски и културни контексти. Агенцијата за храна и ветеринарство ги повикува потрошувачите од Македонија да ја посетат официјалната интернет страна на кампањата (https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat) да ги проучат едукативните материјали и да се поврзат со содржината на кампањата на социјалните мрежи користејќи го #Safe2EatEU, се вели во соопштението.

Формирана во 2002 година како агенција на Европската унија, EFSA e непристрасен извор на научни совети за управувачите со ризици и информира за ризиците поврзани со синџирот на храна. Таа ја обезбедува научната основа за закони и прописи за заштита на европските потрошувачи од ризици поврзани со храната и соработува со националните партнери за промовирање на информациите за безбедноста на храната во ЕУ и кај нас. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:EFSA „Safe2eat“ахвкампањата
Претходен напис Поради висок водостој затворен за сообраќај мостот на реката Вардар кај Башино село
Следен напис Трипуновски: Се подготвуваме за претстојната сезона на сеидба на ориз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?