Ќе ги забрзаме процесите за обештетување на посевите од замрзнување на повеќе култури како што се праска, кајсија, дуња, цреша и други.
На 20-ти месецов на двете мерни станици над населено место Рамниште – Росоман и Чаир – Росоман беа измерени температури од -8 степени целзиусови кои за жал направија голема штета.

Заедно со Даниела Иротова (Претседател на владината комисија за проценка и утврдување на висината на штета од природни непогоди) ги информиравме земјоделците за процесот и постапките кои треба да ги превземат општините преку општинските комисии за увид и процена на штета.
Во рамки на процедурата општините ќе објават јавен повик на кој ги повикуваме сите земјоделци да ја пријават настаната штетата.
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски