Вонредна состојба во Словачка поради шап и лигавка Словачка прогласи вонредна состојба поради појава на шап и лигавка, која го зафати сточарскиот сектор, пишува Euractiv.
Со ова, сметаат тие, ќе се овозможи побрзо и поефективно спроведување на неопходните заштитни мерки за одговор на појавата на болеста.
Тамошниот министер за земјоделство Ричард Такач потврди дека ова е четврти случај на болеста на сточарска фарма во населбата Луч на Острове.
Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток најави свикување тим за управување со кризи и истакна дека вонредната состојба ќе овозможи подобра „координација на ресурсите и персоналот“ и побрзи процеси на набавки.
Словачкиот премиер Роберт Фицо на прес-конференција рече дека во моментов е невозможно да се процени штетата, но нагласи дека таа може „астрономски да расте“. Главна грижа се можните недостиг на млеко и месо во земјава.
Фицо предупреди дека епидемијата претставува закана за целата земја, нагласувајќи: „Ова е смртно сериозна работа“.
