Членовите на Меден Исток ни даваат 3 начини на кои можеме да им помогнете на пчелите во летниот период.
1. Садете повеќе растенија:
Нема потреба да правите раскошни градини и да бидете експерт во градинарство. Она што можете да го направите е да посадите на вашата тераса или двор различни видови на растенија кои цутат од почетокот на пролетта до крајот на летото.

2. Не користете хемиски средства:
Хемиските средства се лоши за животната средина, човекот и пчелите. Обидете се да ги заштитите растенијата на органски начин и избегнувајте ги пестицидите.

3. Оставајте вода за пчелите:
Исто како и луѓето, пчелите во летниот период стануваат жедни. Земете чинија, ставете малку вода и поставете ја на дофат на пчелите. Не плашете се, пчелите не се опасни доколку не ги задевате.

