Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трет ден протестираат одгледувачите на свињи од кумановското село Тромеѓа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трет ден протестираат одгледувачите на свињи од кумановското село Тромеѓа
Агровести

Трет ден протестираат одгледувачите на свињи од кумановското село Тромеѓа

Објавено 07/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сточарите од кумановското село Тромеѓа, денеска еден час го блокираа регионалниот пат Куманово-Свети Николе, барајќи испитување на свињите во одгледувалиштата пред нивно уништување.

– Не смее да се уништи здравиот сточен фонд. Револтирани сме, бидејќи никој освен еден претставник од општина не дојде и не поразговара со нас. Ние самите сме свесни ако се прошири болеста ќе дозволиме мерки, ама не во овој момент, бидејќи нема заболени свињи, изјави за МИА Драгољуб Димитриевски од село Тромеѓа.

Одгледувачите велат дека некој намерно го уништува малиот сточар на сметка на големите корпорации. Тие велат дека околу нивното село нема шума и нема контакти со диви свињи. Стравуваат дека по уништувањето на свињите во кумановско ќе се зголеми цената на свинско месо и дека ќе се дозволи увоз.

– Ако се појави во еден двор нека исчистат, нека уништат. Ама се собира и здрава стока и нема да отстапиме додека не кажат дека нема да ги уништат здравите свињи, изјави Марио Зафировски.

Сточарите се незадоволни и велат дека произведуваат и храна за свињите, укажувајќи дека се во загуба.

– Немаме друг излез ние живееме од одгледување на свињи, изјави Трајан Николовски.

Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски вели дека го разбира револтот на сточарите кои живеат од одгледување свињи, но истакна дека нивното претпријатие не носи одлука кои свињи ќе се уништуваат и дека согласно насоките од кризниот штаб, претпријатието е задолжено само за транспорт и закоп на угинатите свињи.

– Ги разбирам луѓето живеат од тоа, но ние како претпријатие даваме само техничка поддршка согласно насоките на кризен штаб, кажа Стојчевски.

Претходно, во кумановско протестираа одгледувачите од реонот на селата Љубодраг, Умин Дол и Ново Село. Прв случај на африканска чума во кумановскиот регион беше регистриран на почетокот од октомври годинава.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:протесттромеѓа
Претходен напис Министерот Николовски и аргентинскиот амбасадор разговараа за засилената соработка во делот на винарството и лозарството
Следен напис На фармата „Млекопромет” во пелагониското село Мусинци, „Бимилк“ ѝ додели робот за измолзување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?