Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се размислува за електронска наплата на патарините, ќе се наплаќа од километар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се размислува за електронска наплата на патарините, ќе се наплаќа од километар
Агровести

Се размислува за електронска наплата на патарините, ќе се наплаќа од километар

Објавено 18/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се размислува за воведување електронска наплата на патарините на автопатите, со што нема повеќе да има физичко застапување со возилата на патарини. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека ќе се побара и експертска помош при изработка на законот и дека се размислува да се наплаќа од километар. 

Ваквиот начин на наплата, според министерот за транспорт, ќе овозможи побрз проток на возилата, поевтина наплата за оние што ги користат автопатите и поголема сигурност и спречување сообраќајни незгоди.

– Во текот на вчерашниот ден, по враќањето од Виенскиот економски форум, имав средба со новиот претседател на Европската транспортна заедница, кој дојде во Скопје. Ова беше една од главните теми. Ќе вклучиме нивна експертиза и на тој начин би сакале да го изработиме законот имајќи предвид дека Хрватска во регионот се обидува да го примени овој систем, но сè уште го нема почнато. Во моментот почнува примената на обиколницата на Белград и тоа е горе-долу сè што можеме да видиме во регионот. Затоа ни е потребно искуство од понапредни европски држави и затоа сметав дека е корисно да го поканам, да ја презентираме нашата идеја и да вклучиме експерти од Европската транспортна заедница, кои заедно со нашите експерти ќе работат на овој закон – изјави денеска Николоски пред 21. конференција на МАСИТ посветена на вештачката интелигенција.

Николоски се надева дека во текот на декември веќе ќе може да го презентираат законот.

- Реклама -
Ad image

Наплатата, како што посочи, би била од поминат километар, со што ќе се избегне сегашната пракса иста сума да плаќаат и оние што, на пример, одат од Скопје и оние што одат од Богданци или Гевгелија. 

– Нашата идеја е да се наплаќа од километар, што ќе биде многу поправедно од ова сега затоа што сега теоретски, ако тргнете од Демир Капија и одите во Гевгелија, плаќате 100 денари на наплатната кај Смоквица и ако тргнете од Скопје кон Гевгелија, на истата наплатна повторно плаќате 100 денари, што за жителите од Демир Капија е нечесно и неправедно. И затоа сметаме дека треба да се наплаќа од поминат километар, што сериозно ќе ја намали цената – рече Николоски.

Ваквата наплата првично би се применила на новиот автопат Кичево – Охрид, кој вицепремиерот Николоски очекува целосно да биде пуштен во мај. Во следните неколку недели, како што посочи Николоски, треба да биде пуштен најтешкиот дел од автопатот со четири галерии, неколку мостови, вијадукти и најдолгите тунели.

Понатаму, ваквата наплата би се применила и на другите автопати што се градат, како што се Прилеп – Битола, Букојчани – Гостивар, Гостивар – Тетово и Кичево – Букојчани. 

МИА

Може да ви се допадне

Јорданов: Дефинитивно имаме кризна состојба на одредени делови во нашиот град кои поради нов дефект ќе останат без вода, ќе се обезбедат цистерни и флаширана вода за пиење
ЕУ постигна договор за забрзување на издавањето дозволи за проекти за обновлива енергија
Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје намалени за 8,8 проценти
Вкупно 22 пријави на повикот за финансиска поддршка за жени земјоделки од Кавадарци и Неготино 
Производството на шумски сортименти во државните шуми зголемено за 4,8 проценти
Таг:електронска наплатакилометарпатарините
Претходен напис Променливо, но топло време до крајот на неделава
Следен напис Јорданов: Дефинитивно имаме кризна состојба на одредени делови во нашиот град кои поради нов дефект ќе останат без вода, ќе се обезбедат цистерни и флаширана вода за пиење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?