Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Трајан Димковски: Ја завршуваме 2021 година со рекордни 203,5 милиони евра инвестирани директно во земјоделскиот сектор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > (ВИДЕО) Трајан Димковски: Ја завршуваме 2021 година со рекордни 203,5 милиони евра инвестирани директно во земјоделскиот сектор
Агровест

(ВИДЕО) Трајан Димковски: Ја завршуваме 2021 година со рекордни 203,5 милиони евра инвестирани директно во земјоделскиот сектор

Објавено 29/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денеска одржаа работен состанок со новинарите од медиумите кои активно го следат земјоделскиот сектор. На состанокот беа презентирани остварените резултати за 2021 година.

Димковски во својата изјава нагласи дека годинава што изминува, иако беше тешка година за земјоделството, ќе биде запаметена како година со рекордно високи исплати на средства во земјоделскиот сектор.

„2021 ќе биде запаметена како година во која имаме рекордно високи исплати на средства во земјоделскиот сектор. 2021 беше тешка година за земјоделството. Но затоа, кога во таква година ќе се постигнат резултати, успехот е уште поголем. Никој не беше оставен сам да се справува со кризата. Нема реална цена за трудот на земјоделците, тие немаат фиксно работно време, немаат сезона на одмор, ниту паузи во процесот на производство како што имаат другите сектори. Но, затоа секогаш кога имаше потреба, државата интервенираше! Секогаш помагавме, во законски рамки и во рамките на буџетот.

-146 милиони евра се исплатени за двете програми кои ги креира Министерството, од кои околу 121 милиони евра за субвенции и 25 милиони за инвестиции во рурален развој.

-18 милиони евра за капиталните водостопански инвестиции, средства со кои долгорочно го решаваме водоснабдувањето и стабилното наводнување.

-10 милиони евра за втората фаза на проектот за наводнување на јужната долина на Вардар.

-За ИПАРД 2 програмата во 2021 година исплатени се околу 16 милиони евра од кои 12 милиони се учество на европски средства, а 4 милиони се од националното кофинансирање. И повторно, веќе трета година по ред, нема да се враќаат пари назад, бидејќи искористеноста е скоро 100%.

-13.5 милиони евра, од ковид програмата, од кои 5 милиони евра им се исплатени на тутунопроизводителите и уште 8.5 милиони треба да се исплатат деновиве за производителите на грозје, ориз и јаболка.“, истакна Димковски и посака 2022 да биде уште поуспешна.

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:Димковски
Претходен напис (ВИДЕО) Компанијата „ЗОРАЛЕК“, идеален пример за семеен бизнис: Двајца браќа, 1.500 пчелни семејства, органски мед, извоз во Саудиска Арабија
Следен напис Пченицата на светските берзи повторно блиску до 300 евра за тон
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?