Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пченицата на светските берзи повторно блиску до 300 евра за тон
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Пченицата на светските берзи повторно блиску до 300 евра за тон
Пазари

Пченицата на светските берзи повторно блиску до 300 евра за тон

Објавено 29/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Временските услови, омикрон и други фактори ја диктираат понудата и побарувачката на светскиот пазар.

Во последните месеци на пазарот на житарки беше многу турбулентно, а сега на крајот од годинава, цената на пченицата повторно порасна.

Има многу фактори кои влијаат на поскапувањето, а примарен страв е од нискиот принос во Јужна Америка поради метеоролошката појава Ел Нино, руските и аргентинските, но и можните украински извозни ограничувања. Тука е и неизвесноста на жетвата во Бразил и Австралија и општо проблемот со снабдувањето поради пандемијата на вирусот ковид-19 и сите негови соеви.

Еден тон пченица повторно блиску до 300 евра

Цената на пченицата на европскиот пазар пред празниците се зголеми, па така еден тон чинеше 290,25 евра, велат од Аgrarheute. Ова е зголемување од 17 евра по тон за само десет дена, а слични трендови се забележани и во Русија и во САД. На Париската берза пќеницата денес котира по 296 евра/тон.

Покрај зголемувањето на цената на пченицата и ограничувањето на извозната квота, Русија има и повисока извозна такса која сега изнесува 94,90 долари за тон. Таму зимските култури засега се во добра состојба и производителите се надеваат на високи приноси. Од Украина пак пристигнуваат вести дека ќе има ограничувања за извозот на лебната пченица.

Сегашната реколта на оваа житарка во Аргентина се проценува на рекордна вредност од 21,5 милиони тони. Новина на светскиот пазар е што Алжир се наметна како купувач на 690.000 тони пченица од Германија, Црно Море, Балтик и Аргентина.

Дожд на југ и суша во Северна Америка

Растат и цените на маслодајните растенија и пченката. Временската прогноза, која предвидува дожд во Јужен Бразил, Парагвај и Аргентина во наредните недели, предизвика загриженост околу жетвата на пченка и соја. Вознемиреност, но поради сушата, владее и во регионите на САД познати по земјоделството.

Кина најави дека во наредната година ќе ги задржи површините под жито и следната година и ќе го прошири производството на соја и други маслодајни семиња. За нив примарна цел е да го обезбедат населението со ефикасно снабдување со месо, риба и зеленчук во 2022 година.

Покрај побарувачката за пченица, расте и увозот на јачмен од Европа, посебно од Франција. Тоа доведува до повисоки цени, бидејќи поради ограничениот увоз на пченка од Украина, европските производители ја бараат оваа житарка. Цената на сточната во Хамбург на 23 декември беше 263 евра за тон. На францускиот пазар на големо тогаш се продавала по 265 евра/тон, што е зголемување за 20 евра.

Сè додека трае пандемијата на ковид-19, ќе има пореметувања на светскиот пазар на храна и ќе владее голема загриженост за обезбедување на снабдувањето без застој. Новиот вид омикрон брзо се шири и предизвикува логистички проблеми кога станува збор за безбедноста на храната, пренесува Agroklub.com.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Ангеловски во Кривогаштани: ДИЗ ќе врши засилени инспекциски контроли на откупните пунктови
Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Таг:пченица
Претходен напис (ВИДЕО) Трајан Димковски: Ја завршуваме 2021 година со рекордни 203,5 милиони евра инвестирани директно во земјоделскиот сектор
Следен напис Владата донесе одлука за исплата на 26 милиони денари како помош за штети од временските непогоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?