Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ТИРЗ: Заклучно со јули во зоните отворени над 1 100 нови вработувања
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > ТИРЗ: Заклучно со јули во зоните отворени над 1 100 нови вработувања
Агровест

ТИРЗ: Заклучно со јули во зоните отворени над 1 100 нови вработувања

Објавено 09/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжува растот на вработени и на извозот во технолошко индустриските развојни зони и во јули, покажува редовната анализа на ТИРЗ. Само за еден месец во компаниите во зоните се отворени речиси 100 нови работни места, со што заклучно со јули, од почетокот на годинава се реализирани над 1 100 нови вработувања.

Со ова, вкупниот број вработени во јули порасна и достигна 15.085, што е за шест проценти повеќе споредено со јули минатата година, односно за 14,5 отсто повеќе во однос на јули 2020 година. Според анализата, ваквиот тренд се очекува да продолжи, со оглед дека ова е резултат на инвестициите постигнати изминатата година со кои се предвидува отворање на над 2700 работни места во следниве години.

-Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Во првите седум месеци од 2022 извозот од ТИРЗ достигна речиси 2 милијарди евра, што е највисок во последниве четири години. Извозот во периодот од јануари до јули е за 13 отсто повисок во однос на истиот период во 2021 односно 77 отсто повисок во однос на 2020 и 23 проценти и 47 отсто повисок споредено со 2019 односно 2018 година. Само во јули компаниите во ТИРЗ имаат извоз од 280 милиони евра што е за 25 отсто повеќе од јули минатата година. Регистрирано е и највисоко ниво на увоз од 1,83 милијарди евра, во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период во изминативе четири години. Ова е за 4 отсто повеќе во однос на увозот од јануари до јули во 2021, односно за 83 отсто споредено со 2020, и за 21 и 64 проценти повеќе споредено со 2019, односно 2018 година. Месечниот увоз во ТИРЗ во јули достигна 230 милиони евра и е на речиси исто ниво со јули 2021 година. Заклучно со јули и нето извозот е 9 проценти, наведува ТИРЗ. И покрај глобалните политичко економски случувања, ТИРЗ очекува ваквиот тренд да продолжи до крајот на годинава со што, според проценките, извозот може да го надмине минатогодишното рекордно ниво од три милијарди евра.

Може да ви се допадне

Директорот на ТИРЗ на средба со белгиско-македонскиот бизнис клуб и Euro-Tech Distribution
„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Таг:ТИРЗ
Претходен напис МЗШВ: Вложуваме во изградба на нови системи за наводнување, обезбедуваме вода за 20.000 хектари земјоделски површини
Следен напис Во Турција пристигна првиот брод со пченка од Украина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?