Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Вложуваме во изградба на нови системи за наводнување, обезбедуваме вода за 20.000 хектари земјоделски површини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > МЗШВ: Вложуваме во изградба на нови системи за наводнување, обезбедуваме вода за 20.000 хектари земјоделски површини
Шумарство и водостопанство

МЗШВ: Вложуваме во изградба на нови системи за наводнување, обезбедуваме вода за 20.000 хектари земјоделски површини

Објавено 08/08/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обезбедување на редовно и навремено наводнување на земјоделските површини е наш главен приоритет како министертво.

Како никогаш до сега Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вложува во реализација на капитални проекти за изградба на нови системи за наводнување.

Ја започнавме и активно работиме на изградбата на браната Конско, една од најголемите капитални инвестиции во делот на наводнувањето вредна повеќе од 2,6 милијарди денари, која се реализира со буџетски средства на Владата. Ова е најголем капитален проект за водоснабдување во последните 50 години, со кој овозможуваме наводнување за повеќе од 4000 хектари земјоделско земјиште во гевгелиско поле.

Уште еден голем проект на кој МЗШВ работеше е проектот
за наводнување на јужната долина на реката Вардар вреден 24 милиони евра. По примерот на овој систем МЗШВ последната година преку KfW обезбеди дополнителни 120 милиони евра, средства наменети за подготовка на прокетна документација за системите Конско, Лисиче, Страиште, Пепелиште каде се обезбедува наводнување за вкупно 15.500 хектари земјоделско земјиште.

Дополнително со ребалансот на буџетот за 2022 година 450 милиони денари, нови дополнителни средства за реализација на капитални инвестиции во делот на водоснабдувањето за проектите Конско, Равен – Речица и Речани.

Обезбедивме финасиска поддршка од Европската Унија, преку средства од ИПА фондовите, и заедно градиме нови седум мали нискотрошковни системи за наводнување во вредност од 8,3 милиони евра, преку кои се обезбедува наводнување за 1.245 хектари земјоделско земјиште.

Преку овој проект за мали нискотрошковни системи ги градиме системите во Конопница, Пишица и Теарце во вредност од 2,3 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА фондовите, со кои се обезбедува наводнување за нови 370 хектари земјоделско земјиште.

Системот за наводнување Чаушица е веќе завршен, а во завршна фаза е и системот Славишко Поле. Ова се уште два капитални проекти за наводнување на земјоделско земјиште поддржани од ИПА фондовите на Европската Унија во вредност од е 2,5 милиони евра. Со изградбата на овие системи дополнително овозможуваме наводнување за дополнителни 300 хектари земјоделско земјиште.

Дополнително преку поддршка од ИПА фондовите на ЕУ обезбедивме средства во вредност од 3,5 милиони евра, наменети за изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци, кој обезбедуваат наводување за нови 590 хектари земјоделско земјиште.

Покрај капителните инвестиции, МЗШВ преку Програмата за Рурален развој дава поддршка на земјоделците за набавка на модерни системи за наводнување на земјоделските површини. Интересот кај земјоделците за оваа мерка е од година во година се поголем. Со последниот јавен повик за оваа мерка беа доделени вкупно 322 договори за финасиска поддршка на земјоделците за набавка на модерни системи за наводнување во вредност од 75 милиони денари.

Сите овие инвестиции кои како министерство и Влада ги реализираме имаат за цел да овозможуваме достапност на земјоделците до соодветни системи за наводнување, помали трошоци за работа и поголема конкурентност, но најважно да овозможуваме поголем принос и поголем квалитет на земјоделските култури.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Може да ви се допадне

Делови од Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја, a без вода ќе бидат повеќе населби во Скопје
Хоџа од Боговиње: Институционалната соработка ја унапредува инфраструктурата за наводнување во интерес на земјоделците
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
Наводнување на овошките според фазите на развој
Таг:воданаводнување
Претходен напис Од полноќ ново поевтинување на нафтените деривати, цената на дизелот се намалува за 3,5 денари
Следен напис ТИРЗ: Заклучно со јули во зоните отворени над 1 100 нови вработувања
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?